Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АЕК: Големи плати и големи тајни

21
By Сашка Цветковска on September 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Големи приходи, големи плати и исто толку големи трошоци – ова е впечатокот од „прва“ доколку се разгледа годишниот финансиски извештај на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година. Просечната бруто плата по вработен во АЕК изнесува речиси колку платата на претседателот, премиерот, а е повисока или идентична со платите на министрите.

Просечната исплатена бруто плата по вработен во 2012 изнесувала 12 200 евра годишно или 1020 евра месечно – ваква е математиката ако се подели вкупната сума која е исплатена за плати во Агенцијата во 2012 година со бројот на вработени (132 вработени). Вкупно за плати и придонеси за вработените се потрошиле околу еден милион и шестотини илјади евра, односно 99.799.889,00 денари.

НОВА до директорот на Агенцијата Роберт Ордановски и неговиот шеф на кабинет Владимир Ристевски пред точно една недела достави прашање колкави се платите на вработените на повисоки позиции, како и на надворешните членови. По електронска пошта беа испратени следниве прашања:

– Колкава плата зема директорот на АЕК?
– Колкава плата зема шефот на кабинетот на АЕК?
– Колкави се платите на советниците во кабинетот на директорот, сите советници + техничкиот секретар?
– Колкави се месечните надоместоци за членовите на комисиите на АЕК?
– Колкави се платите на раководителите на сектори?

Замоливме и да ни пишат кога ќе бидат во можност да одговорат. Денеска се јавивме кај шефот на кабинет Владимир Ристевски кој во телефонски разговор ни кажа дека се сеќава на прашањата, но дека не бил баш сигурен дека ова е информација од јавен карактер. Вети дека скоро одговорот ќе ни го испрати и писмено.

Во меѓувреме, додека го чекаме одговорот од АЕК, НОВА ги разгледа и другите трошоци на Агенцијата.

Интересно е дека сумата која се издвојува за плати на вработените е дури и помала со сумата која се издвојува за интелектуални услуги, ставка во која влегуваат и хонорарите на членовите на комисијата на АЕК, а за кои опозицијата своевремено во собраниската говорница тврдеше дека тие земаат месечни паушали од по 2.000 евра. Еден милион и шестотини педесет и три илјади евра или 101.715.528,00 денари се одвоени минатата година за оваа ставка. Иако АЕК има своја правна служба, во оваа ставка тие користат и адвокатски и правни услуги. Еве што е наведено во трошокот „интелектуални услуги“:

1.професионални услуги,
2.адвокатски и правни услуги,
3.услуги за превод,
4.oбука за стручно усовршување,
5.семинари и конференции (за Комисија, орган на АЕК и за вработените на АЕК),
6.консултантски услуги од областа на анализа на пазарите за електронски комуникации,
7.договорни услуги,
8.надоместоци на Комисијата, орган на АЕК,
9.изработка на стратегија на АЕК,
10.изработка и промовирање на стратегијата за подигање на свесноста кај јавноста за улогата и функцијата на АЕК.

Освен во оваа ставка,семинарите и конференциите се среќаваат и во ставката „Издатоци за реклама, пропагнда и репрезентација“ каде што за репрезентативен материјал, прехрамбени продукти и безалкохолни пијалоци и угостителски услуги во врска со организираните јавни состаноци, работилници , конференции и работни состаноци се потрошени 165 илјади евра.

Рекордери во патувања и службени дневници

Вработените во Агенцијата, како и нивни надворешни соработници потрошиле 265.000 евра во текот на 12 месеци за дневници за службени патувања, патни трошоци и хотели. Или, дневно за оваа намена во текот на 365 дена се трошеле 726 евра. Според пресметките на НОВА, во 265.000 евра „лежат“ 663 авионски билети по просечна цена од 400 евра; 2650 дневници од 100 евра; 2208 ноќевања по цена од 120 евра од вечер; или ако за едно лице бил набавен авионски билет од 400 евра, три ноќевања од 120 евра и три дневници од 100 евра, таквото патување во странство би чинело 1060 евра, што значи дури 250 тридневни патувања можеле да се реализираат во текот на целата 2012 година.

Толку се богати, што можат да си дозволат и танчерки

Пред околу 8 месеци „пукна брука“ дека Агенцијата организирала новогодишна забава за вработените и соработниците од земјата и странство која чинела 21.500 илјади евра, а на која покрај богатиот кетеринг, атмосферата била зачинета и со стриптизети и танчерки. Директорот Роберт Ордановски се правдаше дека за таа забава не се издвоиле пари од буџетот на АЕК, туку дека сметката ќе ја платат 24 топ менаџери во компанијата. Приказната ја проследија и шпекулации дека парите прво биле платени од сметката на Агенцијата, но откако скандалот избил во јавноста, се замешала Владата и потоа од менаџерите, односно од раководителите било побарано забавата да се плати заеднички и да се вратат парите.


*директорот Роберт Ордановски со сопругата Агнеса на свеченост

Молкот околу трошењето на парите за конференции, ручеци и забави не е новина во АЕК. Новинарката од Плусинфо, Мирослава Симоновска од нив бараше сметки за конференција организирана пред 3 години на која според нејзините сознанија се потрошиле 80.000 евра за два дена. АЕК одби да ја даде информациајта, по што таа поднесе жалба во Комисијата за слободен пристап од информации. Комисијата телефонски ја извести дека жалбата и е уважена, но до ден-денес и го нема доставено писмениот документ за одлуката со која таа ќе може да ја добие информацијата од Агенцијата.

продоложува: Чии роднини и пријатели се „сместија“ во АЕК

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.