НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АЕК: Граѓаните не требале да им ги знаат платите во агенцијата

0
By Сашка Цветковска on January 28, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не сме должни да ви ја дадеме информацијата бидејќи ние не се финансираме од владата, вака шефот на кабинетот на директорот на АЕК Владимир Ристевски ни одговори телефонски на прашањето дали некогаш институцијата планира да ни прати одговор на нашите прашања во врска со платите и хонорарите во АЕК откако НОВА повеќе од 2 месеца чека писмен одговор на нашата електронска порака.

Прашањето со платите во АЕК произлезе од годишниот финансиски извештај на институцијата според кој оваа институција е една од најбогатите во земјата, а просечната бруто плата по вработен е поголема и од платите на некои министри, а речиси колку платата на премиерот и претседателот на државата. Просечната исплатена бруто плата по вработен во 2012 изнесувала 12 200 евра годишно или 1020 евра месечно – ваква е математиката ако се подели вкупната сума која е исплатена за плати во Агенцијата во 2012 година со бројот на вработени (132 вработени). Вкупно за плати и придонеси за вработените се потрошиле околу еден милион и шестотини илјади евра, односно 99.799.889,00 денари.

Ако оваа сума е просек за сите вработени и ги вклучува сите плати, НОВА сакаше да дознае колкава е платата на директорот, на советниците, шефот на кабинетот и раководителите на сектори. НОВА се консултираше со претседателката на Транспарентност интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева, која е и поранешен претседател на Комисијата за спречување корупција. Таа вели дека нивните плати немаат законска основа да бидат некакви тајни. –

-Иако АЕК се самофинансира, сепак, тоа е институција основана од Собранието на Република Македонија, а и членовите на комисијата во АЕК се бираат во парламентот, што значи таа институција е формирана од граѓаните и тие се должни да им дадат отчет за сите трошоци на истите, вели Тасева.

Откако на Владимир Ристевски од АЕК му предочивме дека Собранието е нивен основач и дека тие имаат обврска да ги одговараат прашањата поврзани со нивното финансиско работење, тој прво кусо одмолче на телефонската слушалка, па рече дека „ не знаел, ќе видел, ама не верувал дека е ова е информација од јавен карактер“.

НОВА веќе пишуваше и за огромните трошоци на АЕК. Сумата која се издвојува за плати на вработените е далеку помала сумата која оваа институција ја плаќа за интелектуални услуги, во кои влегуваат и хонорарите на членовите на комисијата на АЕК, за која пратеници од опозицијата своевремено зборуваа дека земаат месечни паушали од по 2.000 евра. Еден милион и шестотини педесет и три илјади евра или 101.715.528,00 денари се одвоени минатата година за оваа ставка. Иако АЕК има своја правна служба, во оваа ставка тие користат и адвокатски и правни услуги.

Трошењата во АЕК и „збогтисале“ и на Владата

Во јавноста често се шпекулираше за разузданото трошење на оваа институција, за што минатата година дури и владата мораше да се вклучи со опомени. Откако во јавноста излезе информација дека на ланската новогодишна журка АЕК имала забава со танчерки, светлосни ефекти и други луксузи која чинела повеќе од 21.000 евра, на затворена владина седница се одлучи да му се наложи на менаџментот на АЕК да ги врати парите во буџетот. Директорот тогаш тврдеше дека за забавата платиле менаџерите во АЕК, но од писмото на владата се гледа дека должни биле да платат сите вработени кои биле присутни на забавата. Забавата ја организирала маркетинг агенцијата Република – друштвото кое е познато како носител на најголемиот број тендери за владините реклами, а подолу може да се види фактурата која тие ја испратиле во агенцијата. Тие им организирале хостеси, егзотични танчерки, футуристички кетеринг, специјално дизајнирани покани и музика.


Вработените во Агенцијата, како и нивни надворешни соработници потрошиле 265.000 евра во текот на 12 месеци за дневници за службени патувања, патни трошоци и хотели. Или, дневно за оваа намена во текот на 365 дена се трошеле 726 евра. Според пресметките на НОВА, во 265.000 евра „лежат“ 663 авионски билети по просечна цена од 400 евра; 2650 дневници од 100 евра; 2208 ноќевања по цена од 120 евра од вечер; или ако за едно лице бил набавен авионски билет од 400 евра, три ноќевања од 120 евра и три дневници од 100 евра, таквото патување во странство би чинело 1060 евра, што значи дури 250 тридневни патувања можеле да се реализираат во текот на целата 2012 година.

НОВА пред повеќе од еден месец испрати и барање за слободен пристап до информации за платите, хонорарите и службените патувања на вработените од АЕК. Одговор се уште чекаме.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.