Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Афера, мега афера или соучество и подривање на уставниот пордок?

0
By Zoran Ivanov on November 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со вака партизирано поведение, ниту АР и АНБ се кредибилни партнери за пријателските служби, ниту граѓаните веруваат во своите служби и преку нив – во државата. Кога партиите се посилни од институциите, државата е само територија. Или тоа е целта?

Ивон Величковски

Доколку службата противправно го следела Мицкоски како опозициски лидер – тоа е афера. Доколку АНБ имала основано сомневање за таквата постапка и води истрага – тоа е мега-афера.

Но доколку има прекинување на истрага – тоа е (соучество во) подривање на уставниот поредок и парализа на безбедносните служби.

Ако замислата на премиерот на седницата за пратенички прашања била да се создаде “бура во чаша вода”, сега таа неминовно ќе ги полее и безбедносниот апарат и државните институции и партиите. Прескапа цена за пар Пи-аР поени.

Да одиме по обратен редослед од оној што ни го сервираа провладините медиуми, за да дојдеме до вистинските, “тешките” прашања.

Ако Мицкоски бил следен од службата, можно е тоа да било политички мотивирано од тогашната власт. Брза проверка може да каже на основа на што било правено следењето.

Ако мотивот е политички, се што ќе биде подолу напишано е небитно.

  1. Но, што доколку за следењето на дејствувањето на тогашниот опозициски лидер имало основа? На пример, доколку се истражувал нелегален тек на пари (за опозициската партија или нејзе поврзани правни и физички лица, од политички, економски или медиумски карактер на пр.)? Било тоа да е од соседството или од поширокиот регион? Или од обете?
  2. Што доколку се истражувале можни туѓи влијанија во партиските политики и поведенија на тогашната опозициска, сегашна владина партија? А ако ги имало, дали за овие влијанија постоел странски ангажман во Северна Македонија преку неполитички средства?
  3. Да продолжиме со хипотезата: Ако одговорот на претходното е “да”, за која цел? Односно што е тоа што ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното лидерство би требало да го испорачаат по доаѓањето на власт и кому? На пр. за закочување на евроинтеграциите на Северна Македонија? Секоја таква обврска на тогашната опозиција во моментот на нејзиното станување власт ја доведува државата во подредена, односно потчинета позиција кон надворешен фактор, односно друга држава.
  4. Странично, дали е можно ова да има врска со задолжувањето на Северна Македонија во унгарската „Ексим“ банка, која претходно се задолжила во кинеската увозно-извозна банка? Дали ова би влијаниело врз суверените одлуки на државата за своите економски, финансиски, но и безбедносни и одбранбени политики?

Резимирајќи, најнезгодното прашање е всушност што доколку АНБ основано водела истрага?

Ваквите хипотези при отсуство на институционални постапки само ќе се мултиплицираат. На пр., да одиме со „бенигните прашања“:

  1. Премиерот изјавува дека поседува документ за негово следење и обработка од службата. Бидејќи „свиркачи“ алармираат само кога институциите не работат по закон и процедура, дали тоа значи дека изворот на документот е новоназначениот партиски кадар на чело на АНБ? Или негови соработници?

Пристап до такви документи нема или барем не треба да има никој вон АНБ и само поединци во неа. Кој пристапил во архивата?

  1. Премиерот мавта со документи на сред Собрание. Но зошто не ги доставил во обвинителството? Собранието не води правосудни процеси. За да ги уценува опозициските политичари или безбедносните функционери? Или токму за да не ги процесуира во Обвинителството, компромитирајќи ги доказите? За случајот да се сведе на пазарење?
  2. При нарушена процедура во АНБ, дури и да станува збор за прекршување на надлежности, еднакво приоритетно станува прашањето како тоа документи од АНБ “лабаво” си се шетаат кај политичари.

Затоа сега опозицијата има обврска да инсистира на истрага, преку Обвинителството, се до судски епилог, за да добиеме одговор на прашањата:

  1. Дали станува збор за политичка злоупотреба на АНБ?

Зошто Мицкоски бил предмет на следење? Ако да, од кого и каква е санкцијата?

Дали тука има улога и АР? Ако да, од кого и каква е санкцијата?

  1. Доколку нема политичка злоупотреба, кои биле основаните сомневања на службата? Дали истрагата е во тек во моментот на собраниската седница за пратенички прашања?

Ако да, тогаш не само директорот на АНБ, туку и премиерот ја попречиле истрагата која би докажала подривање на уставниот поредок?

  1. Ако имало истрага, дали била насочена само кон Мицкоски? Или и кон негови партиски соработници? Ако да, дали тие извршуваат државни функции?

И низ Собранието, со анкетна комисија и со сослушување на сегашните и поранешните функционери во службите.

Во присуство на сојузнички политички и службени претставници.

Затоа што со вака партизирано поведение, ниту АР и АНБ се кредибилни партнери за пријателските служби, ниту граѓаните веруваат во своите служби и преку нив – во државата.

Кога партиите се посилни од институциите, државата е само територија. Или тоа е целта?

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.