Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети по состанокот во ДУИ: Ги разјаснивме сите разлики, не се дискутираше за оставки

0
By Нова ТВ on February 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воопшто не стана збор за оставки, одговори Али Ахмети на новинарско прашање дали се барала оставка од првиот вицепремиер Артан Груби на состанокот кој денеска го одржа Централното претседателство на ДУИ.

„Беше разговарано за принципи, стратегија, за програма, за обврските кои не очекуваат како влада. Но, се разбира треба да се даде отчет и никогаш не сум побарал да се спречи поинаквото мислење, секогаш сум бил поборник и сум охрабрувал работите да се кажуваат отворено со цел секој да ја објасни работата што ја прави. Функционерите се должни да дадат отчет пред органите на партијата бидејќи партијата е таа која ја презема одговорноста, таа бара доверба од граѓаните“, изјави Ахмети, пренесе Алсат М ТВ.

Изминатиов период често се зборува за превирањата во ДУИ, главно конфликт меѓу струите во скопската организација на партијата и меѓу членови на пратеничката група и министри односно координаторот на пратеничката група на интегративците Изет Меџити и градоначалникот на Сарај, Блерим Реџепи, од една страна, како предводници на скопското крило, и првиот вицепремиер Артан Груби и шефот на дипломатијата Бујар Османи, од друга страна, кои се најистурените министри од оваа партија.

Ахмети, пак, наспроти ваквите информации вечерва испрати пораки дека партијата е обединета и оти се разјаснети сите работи.

„Целта на ова беше јавноста директно да види дека ДУИ е и ќе биде обединета и подобро организирана. Разговарано е за сите прашања, јавноста е заинтересирана затоа што имало разни информации поради немање средби и објаснувања, сега сите работи се разјаснети и ги уверувам сите гласачи на ДУИ и Албанци, и тие што не гласале за ДУИ, дека партијата е добро организирана сила и сноси одговорност 20 години по ред во оваа држава за многу важни процеси. Објаснети се сите разлики, не остана ништо без да се објасни до последен атом затоа што пред нас има важни обврски, доаѓаат локалните избори и пописот и сакаме да бидеме дел од придонесот“, изјави Ахмети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.