На изборите се покажа демократска култура, а изборите се рефлексија на една држава и со тоа овој процес помина во најдобар можен ред и сакам да им честитам на сите учесници, кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
-Сакам да им честитам на сите членови на ДУИ за оваа победа и тоа после онаа од парламентарните избори во 2020 година, при што се зголеми и бројот на гласови на партијата од лани, рече Ахмети.
Претседателот на ДУИ нагласи дека кандидатите од оваа партија победиле во прв круг во Липково, Сарај и Пласница.
-ДУИ е во значителна предност во општина Тетово, значителна предност во општина Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново, Долнени. Во Дебар се оди во втор круг, а во Гостивар се уште немаме конечни резултати. Во Чашка одиме во втор круг, во предност сме. И во Врапчиште одиме во втор круг, додаде Ахмети.