Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва од митингот во Тетово порача дека актуелната градоначалничка на градот и кандидатка за уште еден мандат, Теута Арифи, заслужува да остане на позицијата. Ахмети рече дека тие воделе европска кампања и дека се издвојувала од кампањите на останатите политички партии.
„Се работи за победа со пот, со агенда и со дух, кај нашите политички опоненти има само политика, тие имаат сува кампања, само теорија. Ние покажавме дека сме најдобри уште во првиот круг со освоени над 120 000 гласови. Сето ова не прави горди и покажува дека и на централно и на локално народот нè подржува и ја подржува нашата зелена агенда која претставува одлична понуда со која ќе донесеме почист воздух почиста животна средина. Но, сето тоа тоа можеме да го направиме затоа што ги имаме вистинските луѓе. Арифи заслужува да биде градоначалник. Ќе работи во сите општествени сфери“, истакна Ахмети.