Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако бирате помеѓу Заев и Мицковски

0
By Биљана Секуловска on September 15, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 15, 2018 11:10

Не морате да бидете од оние кои се воодушевуваат кога го слушаат македонскиот јазик на кој се обраќа Заев во Европскиот парламент пред пратениците, кои го прекинуваа со аплаудирање и овации.

Тој ја  претставуваше пред нив иднината, во неа нас не гледаат, со живи, заинтересирани очи, со неверица, колку сме се промениле, колку сме можеле навистина да му покажеме на светот дека сме добиле сила за некаков, макар несигурен чекор.

Добро, вистината е дека се подзавртуваме и назад, иако знаеме дека не пропуштаме ништо, затоа се туркаме со сила напред, нешто почнуваме да се обидуваме, којзнае како тоа изгледа невешто, смешно, сепак, проодуваме, ниту жилави, ниту силни, ниту храбри на почетоците, но, некако сме тргнале, колку и да подзастануваме и воздивнуваме жалосни, што не знаевме досега дека можело и да се проодува.

Не, можени за некого нема ништо фасцинантно нема во оние беседи на македонски јазик на Заев во Европскиот Парламент, некои мислат дека секогаш е подобро да се биде поддржувач на  немањето став, на изгубеноста на погледот во далечината на иднината на еден Мицковски.

Што може таа дезориентираност во ставот да понуди? Години и години изгубени, прокоцкани, промашени, навестување на нови, идни децении повторно залудно поминати, безнадежни години, животи кои се ситнат, се провлекуваат низ прсти, стануваат невидливи за самиот себе, останатите одамна го одминале, не го ни забележувале, не знаеле зошто струи воздух додека се разминувале.

Ако ги вагате пораките на македонски јазик на Заев пред европските пратеници и немањето став на Мицковски за најважното прашање после независноста- а тоа е претстојниот референдум, некои мислат дека секогаш е подобро да се игра на вториот избор.

Мицковски е сигурен, добро познат избор, предвидлив, со него сте во гарантирана позиција- дека тој за неговата иднина нема став, нема ниту за вашата, нема за ничија, за ништо, за никого.

Освен, освен секако стравот од мрачната иднина на Груевски, во која и тој се заробил, од која и тој не знае како да се извлече. Освен да ги вовлече сите, сите нас, сите заедно со нив, во прекрасните идни години во кои само луѓето без карактер, луѓето без иднина, тогаш кога немаат став, ќе станат и наша иднина.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026
ФОКУС
March 28, 2026

Кочани: Нов марш за Ангелите

ВЕСТИ March 28, 2026

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, после паузата поврзана со одбележувањето на годишнината…

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

March 28, 2026

Израел погоди нуклеарни објекти во Иран

March 27, 2026

Њујорк Тајмс: Трамп ја крие вистината за војната против Иран

March 27, 2026
ТИКЕР

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.