Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

0
By Zoran Ivanov on March 28, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 28, 2026 10:34

Македонија е меѓу земјите што најмногу ќе бидат погодени од војната на Блискиот Исток. Според анализата на Европската банка за обнова и развој, земјава влегува во групата заедно со Либан, Јордан, Ирак и Турција, а подолу на листата се и Црна Гора и Србија.

Увозно зависните земји кои имаат ограничен буџет да ги ублажат ценовните шокови се најранливи, што значи дека товарот полесно се префрла врз граѓаните и компаниите.

Ефектите од оваа криза може да се видат во неколку насоки – повисоки сметки за струја и горива, поскапување на храната, но и забавување на економскиот раст.

Како што пишува во извештајот, иако засега нафтата е поевтина отколку во 2022 година, проблемот е што на краток рок побарувачката е „крута“ – односно не може лесно да се намали.

– Цените би можеле да достигнат 180 американски долари по барел, доколку нафтата од Заливот остане во голема мера надвор од пазарот. На долг рок, како што високите цени ја намалуваат побарувачката и поттикнуваат понуда на други места, цените на нафтата би можеле да се стабилизираат околу 100 долари,  анализираат од ЕБОР.

Според проценките на ЕБОР, ако цената на нафтата подолго време остане над 100 долари, глобалниот економски раст ќе се намали за најмалку 0,4 процентни поени, а инфлацијата ќе порасне за повеќе од 1,5 проценти.

Но, затворањето на Ормутскиот теснец не прави проблем само за транспорт на нафтата.

Цените на ѓубривата, исто така, можат значително да пораснат. Околу 25-35% од светската трговија со суровини за ѓубрива поминува низ Ормутскиот теснец. Повисоките цени на ѓубривата обично се пренесуваат во повисоки цени на основните прехранбени производи – велат од ЕБОР.

Паралелно, се јавуваат и проблеми во индустријата. Земјите од Заливот се важни снабдувачи на алуминиум, пластика, сулфур и хелиум. Нарушувањата во трговијата може да доведат до нивен недостиг и поскапување, што дополнително ги зголемува трошоците за компаниите, пишува во извештајот.

– И да престане војната денес, ќе треба време да се обнови инфаструктурата. Недостатокот на гориво кое ќе се случи за 10 дена во Азија, ќе се одрази врз сите економии. Ќе нема керозин за авиопревозот. Да не зборувам за храната, за вештачките ѓубрива. Се ќе поскапи –  изјави Виктор Мизо, претседател на Совет на странски инвеститори.

– Факт е дека имаме голема криза, без разлика дали ќе заврши оваа криза утре или ќе трае, ќе ни треба време за опоравување од 5 до 6 месеци, ако заврши утре. Затоа тоа го гледаме како опасност или голем проблем што може да биде – вели Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии

Дополнителен проблем е што резервите на гас во Европската Унија се пониски од вообичаено, вели ЕБОР. Тоа значи дека и ако конфликтот брзо заврши, цените може да останат покачени, бидејќи земјите ќе се обидуваат да ги обноват резервите, а производството на гас бара време за да се нормализира.

Според ЕБОР, колку ќе биде силен ударот, зависи од времетраењето на конфликтот и штетите врз енергетската инфраструктура.

 

Блиски Исток војна ЕБОР економија македониоја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.