Украина летово очекува да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија (ЕУ), а одбивањето ќе го смета за измама од Европа, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за „Фајненшл тајмс“.
„Доколку не добиеме кандидатски статус, тоа значи само едно – дека Европа се обидува да нè измами. И ние тоа нема да го проголтаме“, рече Кулеба.
Тој нагласи дека Украина во моментот е единственото место во Европа каде што луѓето гинат за вредностите на кои се заснова ЕУ.