Ако наскоро не се отворат преговори со Европската унија (ЕУ), тоа нема да биде пораз за Македонија, туку за ЕУ, рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.
Тој неколку пати истакна дека не се врзува со датуми, дека посакува брзо решение со Бугарија за решавање на спорот и кревање на ветото, но не и избрзано.
„Македонија и Албанија заслужуваат да добијат датум за почетокот на преговорите за членство со Европската унија. Во спротивно, ќе значи намалување на релевантноста на ЕУ, раст на евроскептицизмот, иако несомнено направивме големи жртви и донесовме тешки одлуки“, нагласи Ковачевски.