Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако не се случи промена на Уставот, веројатно ќе запре процесот за членство на С. Македонија во ЕУ, вели евроамбасадорот Гир

0
By Sashko on July 26, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлична вест е што Европската Унија (ЕУ) минатата недела почна преговори за членство со Северна Македонија и со Албанија. Тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор натаму, на истиот ден почна и скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Северна Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир.

„Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест“, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија.

Во однос на разликите во документите за Северна Македонија и за Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој пристапен процес во одреден степен.

„Во овој случај се сведува на следното – го имавме тоа што се нарекува меѓувладина конференција минатата недела со што го почнавме процесот. Сега го почнавме и скрининг процесот. На крајот од тој процес Северна Македонија ќе ја има втората меѓувладина конференција и за да се одржи истата, Северна Македонија треба да ја исполни обврската што ја презеде кон Бугарија, за да го промени Уставот со цел да има експлицитна одредница за лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари, во заштитата на самиот Устав“, појаснува Гир.

Но, вели евроамбасадорот, бидејќи овој услов е во рацете на Северна Македонија тоа на никаков начин не треба да резултира со одлагања или да служи како пречка на процесот, бидејќи, според него, нема ниту една страна или држава која би спречила одржување на оваа втора меѓувладина конференција.

Гир појаснува дека има две фази во скрининг процесот. Првата фаза, вели тој, се нарекува Објаснувачки скрининг и тоа е кога Европската Комисија заедно со Северна Македонија и Албанија го разгледува целосниот процес и гледа што треба да се направи за време на тој процес. Според Гир, двете земји се доста напредни во тој поглед поради подготвителната работа која се случи низ годините.

Потоа, додава тој, има втора фаза, или Билатерален скрининг, кој, според него е многу структуриран и интензивен во дијалогот и кој може да трае од 14 до 16 месеци во целост, а во кој Европската Комисија ги гледа нормите и законодавството во сила во Северна Македонија и во Албанија, ги гледа празнините, идентификува каде тие празнини треба да се пополнат и идентификува кои одредници се потребни да бидат направени за напредок.

Во однос на промената на македонскиот Устав и што доколку не се случи, евроамбасадорот нагласи дека тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот ќе застане таму.

„Промената на Уставот е суверена одлука на оваа земја. Но, земјата веќе има добар извештај за меѓуетничките односи и доколку се направи таа промена, тоа дополнително ќе го зацврсти напредокот кој е направен на тоа поле. Доколку промената на Уставот не се случи, јас би рекол дека најверојатното сценарио би било дека процесот едноставно ќе застане таму. Со други зборови скринингот ќе продолжи до одредена точка и потоа ќе застане да ја чека државата“, рече Гир, појаснувајќи оти тоа не е бидејќи трета држава ставила вето, туку дека самата држава одлучила да се повлече од обврските кои ги преземала по ова прашање.

Станувањето на членка на ЕУ, како што дополни тој, зависи од брзината со која се спроведуваат реформите.

„Јас сум многу уверен. Почнавме преговори, земјата има причина да биде оптимистична и да биде уверена во својот идентитет и во својата европска перспектива. Мислам дека процесот се движи со позитивна динамика напред, но има многу работа, многу реформи пред земјата да стане полноправна членка на ЕУ“, порача Гир во интервјуто за Канал 5.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.