Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Актерката Силвија Стојановска ослободена од обвинението за шверц на кокаин од Колумбија во Шпанија

0
By Sashko on September 7, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актерката Силвија Стојановска денеска во Кривичниот суд доби ослободителна пресуда по обвинението за шверц на кокаин.

Апелацискиот суд претходно донесе одлука да го врати предметот на повторно судење, откако актерката Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години затвор за делото што ѝ се ставаше на товар – шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Првообвинетиот Воислав Будисављевиќ, пак, кој беше првостепено осуден на седум години затвор, поднесе жалба, но наместо ослободување или враќање на судењето отпочеток како што бараше, Апелацискиот суд му ја зголеми казната на 12 години затвор.

Актерката се гонеше за делото 215 од Кривичниот законик со кое се казнува неовластено производство, продавање или продажба, држење и транспорт на наркотични дроги. Таа беше обвинета по ставот 3 кој вели дека ако делото го извршиле повеќе лица или сторителот на делото организирал мрежа на продавачи и посредници, ќе се казни со затвор од една од пет години.

Меѓутоа, како што објаснија од судот, во повтореното судење се следеле напатствијата од Апелација, се анализирале докази и од нив не се гледа мрежата односно учеството на актерката во неа.

„Овој судечки совет смета дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомнение дека таа го сторила делото“, рече судијата Огнен Ставрев. 

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција обвинението за овој случај го поднесе на 12 јуни 2020 година откако претходно беше отворена истрага во рамки на меѓународната операција под кодно име „Колибри“ во која апсења на три лица имаше и во Шпанија. Еден од нив беше братот на Будисављевиќ.

Обвинение против актерката Силвија Стојановска за меѓународна трговија со кокаин

Со обвинението за Стојановска и нејзиниот тогашен партнер, обвинителството тврдеше дека утврдило оти во втората половина на 2019 година тие учествувале во купување, пренесување и препродавање на кокаин во количина од речиси 700 килограми.

Актерката Силвија Стојановска во 30 дневен куќен притвор

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.