Актерот Роберт Велјановски е новиот директор на Драмскиот театар од Скопје. Тој доаѓа на директорската функција на местото на прерано починатиот Бранко Ѓорчев.
Велјановски на сцената на Драмски театар работи од од 1997 година и до сега има одиграно повеќе десетици ролји меѓу кои се и: Креонт во “Ојдипус тиранот”, Неоптолен во “Филоктет”, Жан Марк во “Стари миризби”, Лизандер во “Сон на летната ноќ”, Андрес во “Војцек”, Доктор Бол во “Мачката на вжештениот лимен покрив“.
Од актуелните претстави на Драмски, Велјановски игра во „Генетика на кучињата“ и „Македонска крвава свадба“.