Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активни 4 801 случај на КОВИД-19, во дел од државите рекорден број новозаболени и позаострени мерки

0
By Ivana on December 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжуваат апелите на надлежните институции граѓаните да се вакцинираат против КОВИД-19 со цел да се дојде до колективен имунитет и да се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, Омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна. Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 4.801 пациент.  За време на новогодишните празници според надлежните не се потребни дополнителни рестрикции.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 409 случаи на КОВИД-19 од направени 4.751 тестирања. Оздравени се 289 пациенти, а починати шест лица. Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8….

Досега во државава се направени вкупно 1.581.175 тестирања на КОВИД-19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 223 739, оздравени се 211 021, а 7 917 починале.

Држави од регионот и светот пријавуваат рекорден број заболени со КОВИД-19. Повеќето од земјите почнаа со воведување позаострени мерки за заштита од проширување на коронавирусот во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Во изминатото деноноќие во Грција, како што јави дописничката на МИА, е регистриран највисок број дневни случаи на КОВИД-19 од почетокот на пандемијата со рекордни 21 657 новозаразени, од кои речиси 10.000 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Во Грција, новите мерки што е планирано да стапат во сила следниот понеделник, на 3 јануари предвидуваат угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично да затвораат на полноќ, дозволено ќе биде до шест лица на една маса, а забрането е стоење, до 50 отсто од вработените во јавниот и приватниот сектор ќе работат од дома, а спортски натпревари ќе се одржуваат со 10 отсто публика или најмногу 1.000 лица. Маската со висока заштита КН95, освен за супермаркетите и јавниот превоз, каде што е веќе задолжителна од петокот, ќе биде задолжителна од понеделник и за вработените во угостителскиот сектор.

И Кипар вчера регистрираше вкупно 1 925 нови случаи на КОВИД-19 за 24 часа, што е рекорден број новозаразени на дневно ниво од почетокот на пандемијата. Новите случаи се од 121.127 направени тестови, односно 1,59 отсто се позитивни, а според официјалните податоци од Министерството за здравство на Кипар, починале две лица, а 161 пациент е хоспитализиран. Од почетокот на пандемијата, во земјата се потврдени 630 смртни случаи од Ковид-19 и вкупно 152.685 заразени.

Исто така, и австралиските држави Викторија и Квинсленд пријавија досега најголем број нови инфекции во последните 24 часа. Во сојузната држава Квинсленд се пријавени 1 158 новозаразени лица, што е првпат да се забележат повеќе од 1.000 случаи на инфекција во еден ден, но бројот на лица кои се лекуваат од КОВИД-19 не е променет. Во Квинсленд има повеќе од 4 000 активни случаи на инфекција, од кои 257 се со новата варијанта Омикрон. Државата Викторија денеска пријави 2 738 новозаразени лица, што го надмина претходниот рекорд од 2 297 заразени лица, од средината на октомври.

Министерката за здравство на Квинсленд, Ивет Д’Ат рече дека патниците кои не се од таа земја повеќе нема да мора да прават контролен ПЦР тест пет дена по пристигнувањето. Таа, исто така, рече дека од десетици илјади луѓе кои неодамна ја преминале границата на таа земја, само 0,6 отсто биле позитивни на тестот за коронавирус на петтиот ден.

Австралискиот министер за финансии Џош Фрајденберг побара да се воведат брзи антигенски тестови за патниците кои патуваат меѓу австралиските држави наместо ПЦР тестови, кои се поскапи и бараат подолго време за да се добијат резултати.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера информира дека нема да ја исполни својата цел за вакцинација на 40 отсто од населението во секоја земја до крајот на годината, а недостатоците во Африка се особено сериозни, за што голем дел од вината се припишува на акумулацијата на вакцините меѓу богатите земји.

Од 194 земји-членки на СЗО, приближно половина нема да ја исполнат целта. Во околу 40 држави не се имунизирани ниту 10 отсто од населението.

СЗО припиша голем дел од вината на акумулацијата на вакцини, особено меѓу неколкуте богати западни земји кои веќе спроведуваат дополнителни вакцинации.

Повеќе од 8,6 милијарди дози од вакцините против КОВИД-19 се администрирани во светот до вчера, но најмногу во побогатите земји кои можат да обезбедат свои договори со производителите на вакцини.

Десетици земји зависат од резервите на Ковакс, програма за дистрибуција на вакцини поддржана од ОН, која има за цел да испорача вакцини во посиромашните земји.

Просперитетните земји беа критикувани дека не прават доволно за да ја поддржат глобалната праведна дистрибуција на вакцини преку Ковакс.

Податоците даваат катастрофална слика. СЗО вели дека околу 171 доза вакцина на 100 жители биле примени во Германија, нешто помалку од 2,7 во Мадагаскар и 0,32 во Демократска Република Конго

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.