На територија на град Скопје вчера, во рамки на засилените полициски контроли, изречени се вкупно 250 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 86 санкции, за недавање првенство на пешаци 40 и а прекршоци што ги прават пешаците 30 санкции.
Како што информира МВР, изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол и 47 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.