Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

0
By Zoran Ivanov on October 14, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Гласачите се соочуваат со две паралелни рамки: една што ја поврзува волјата со национални и европски вредности, и друга што ја оценува локалната одговорност и резултатите во општините. Овие позиции ја покажуваат сложеноста на албанскиот политички кампус и предизвиците пред изборите на 19 октомври 2025, но и пост изборното расположение на граѓаните, откако ќе „спласне“ предизборната еуфорија и се премине на исполнување на ветеното.

Дијана Тахири

Пред локалните избори на 19 октомври 2025, албанскиот политички кампус во Северна Македонија се наоѓа на крстопат меѓу различни наративи и политички стратегии. Партиите ги обликуваат своите кампањи преку комбинација на национални и европски теми, но и преку оценка на локалните резултати и перформанси на претходните влади.

Како што веќе е констатирано во анализата „Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам“, изборите се повеќе од локален процес – тие служат и како тест на довербата на граѓаните во политичките актери, како и како сцена за позиционирање пред следните парламентарни и стратешки политички процеси, а политичките опоненти најчесто се  конфронтираат  на ниво на постигнувања, пропусти, неделувања, неуспеси. На пример,  ДУИ ја користи европската перспектива и рамноправноста на Албанците како еден од клучните мотиви за мобилизација, додека националната рамка служи за позиционирање во меѓупартиската конфронтација, а коалицијата  ВЛЕН се фокусира на локалните проблеми и состојби.

Како што веќе е констатирано во анализата спомената погоре, овие наративи покажуваат дека кампањата не е само за локални избори, туку и за позиционирање пред идните политички процеси, со јасен нагласок на евро-ориентираните вредности кај ДУИ и прагматичниот локален фокус кај ВЛЕН.

ДУИ: Локалните избори како референдум за иднината

ДУИ, односно предизборната коалиција НАИ,  ја продолжува кампањата за локалните избори во октомври 2025 како „референдум“ за Надеж, Достоинство и Иднина. Според партијата, гласачите не избираат само локални лидери, туку ја утврдуваат иднината на државата, повикувајќи на национално будење и одговорност. Кампањата нагласува дека изборите претставуваат тест на довербата на народот и дека секој кој се плаши од избори ја изгубил таа доверба.

Во изјавите на ДУИ се наведува дека изборите се демократска мерка за волјата на граѓаните и дека секој глас е важен за иднината на државата и европската перспектива на Албанците во Северна Македонија. Новиот аспект на нивниот наратив е дека изборите не се само локален изборен процес, туку и проверка на легитимноста на политичките актери пред гласачите.

ВЛЕН: Критика на долгогодишните пропусти

Од ВЛЕН обвинуваат дека, во изминатите 20 години, ДУИ не успеала да обезбеди ни питка вода во албанските општини. Во својата кампањска реторика, тие се повикуваат на локалните состојби од минатото, нагласувајќи дека многу општини останале без конкретни инфраструктурни решенија и долгорочна визија.

Коалицијата ја потенцира континуираната одговорност на поранешни и сегашни функционери за состојбите што денес се критикуваат и ја користи оваа историја како аргумент за својот фокус на локална одговорност и реални резултати. ВЛЕН ја претставува својата платформа како насочена кон конкретни чекори и решенија за потребите на граѓаните, спротивставувајќи се на ветувања кои се повторуваат од минатото.

ВЛЕН исто така ги критикува обидите на другите политички актери да се избегнат избори, оценувајќи дека секоја шанса за легитимен избор е тест за довербата што партијата ја има изгубено. Партијата укажува дека стравот од гласачите е клучен фактор во нивната стратегија и дека тоа ја одредува нивната реторика за „стабилност“ и „штедење на средства“.

Политички позиции и наративи

  • Мобилизација и легитимност:ДУИ ја користи националната и европската перспектива како мотив за гласање и тест на довербата на народот. ВЛЕН го чита овој наратив како обид да се одвлече вниманието од локалните резултати.
  • Идентитет и достоинство:ДУИ се фокусира на европска интеграција и рамноправност на Албанците, додека ВЛЕН ја истакнува потребата од конкретни резултати и локална одговорност.
  • Страв и политичка конфронтација:ДУИ го истакнува стравот од губење доверба, а ВЛЕН ја нагласува реалната состојба на општините и пропустите на ДУИ.
  • Таравари во коалицијата НАИ: ДУИ со Таравари ја проширува својата мрежа надвор од класичното свое јадро (Тетово, Струга, Чаир). Таравари има влијание во Гостивар, но и симпатизери во Кичево, Куманово и Скопје. Со тоа ДУИ:
  • добива пристап до гласачи кои порано беа во опозиција кон неа
  • создава впечаток на “национално обединување” на албанскиот политички спектар
  • го намалува ризикот од раздробеност во албанскиот електорат

Ако Таравари обезбеди средства, пристап или поддршка преку ДУИ (или преку коалициата НАИ-ДУИ), ВЛЕН може да се најде во состојба каде што нема пристап до дел од тие ресурси, што може да влијае организациски (како кампањи, логистика, контакти со гласачи).

Но, перцепцијата кај дел од јавноста и потенцијалните гласачи на ДУИ дека нема вистинска разлика меѓу политичките актери и дека политиката станува безалтернативна има можност да се засили со обединувањето на поранешната опозиција и власта, односно приклучувањето на Таравари кон ДУИ.

Кампањи и перспективи

Во текот на изборната кампања, ДУИ го користи терминот „референдум“ како централна точка за својата стратегија, истакнувајќи го значењето на секој глас за иднината на државата. ВЛЕН, од своја страна, ја нагласува одговорноста на локалните власти и резултатите од нивното 20-годишно владеење, со фокус на конкретните локални потреби и критика на долгогодишните пропусти.

Гласачите се соочуваат со две паралелни рамки: една што ја поврзува волјата со национални и европски вредности, и друга што ја оценува локалната одговорност и резултатите во општините. Овие позиции ја покажуваат сложеноста на албанскиот политички кампус и предизвиците пред изборите на 19 октомври 2025, но и пост изборното расположение на граѓаните, откако ќе „спласне“ предизборната еуфорија и се премине на исполнување на ветеното.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

албнаците Дијана Тахири локални
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
ФОКУС

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

ВЕСТИ October 15, 2025

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција говорејќи за економските индикатори, изјави дека состојбата…

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.