Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанскиот претседател побара итна истрага за скандалот со објавените лични податоци и плати на граѓани

0
By Ivana on December 22, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По објавувањето на скандалот со јавно презентиран список со лични податоци и плати на 637.138 граѓани, албанскиот претседател, Илир Мета, тоа го оцени како криминален акт, кој го доведува во опасност социјалниот мир.

Мета на Фејсбук пишува дека објавувањето на ваквите податоци претставува флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот и оти се работи за „последователен плод на незаконитост“.

-Од медиумите дознав за јавно објавениот список со чувствителни лични податоци на 637.138 вработени граѓани, со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, случај на повторена незаконитост. Личните податоци на секој граѓанин, кои се чуваат во јавни институции и се администрираат во државните бази на податоци, се лични, заштитени со закон и се наменети да се користат само за доброто на граѓаните и државата, наведува Мета.

Додава дека секоја поинаква употреба на истите е кривично дело со кое „се загрозува општествениот мир со нарушување на приватната безбедност на секој граѓанин“ и побара итна истрага.

-Ги повикувам органите на прогонот и обвинителството веднаш да започнат, да поведат проверки и истраги, да ја утврдат оваа повторена активност на незаконитост, преземајќи без одлагање неопходните мерки за гарантирање на заштитата на личните податоци и изведување пред лицето на правдата на авторите, бара Мета.

Реагираше и опозициската Демократска партија, која побара од премиерот Еди Рама да ја преземе одговорноста, како главен виновник и да поднесе оставка поради предметниот скандал.

Преку објава на Фејсбук реагираше и поранешниот претседател и експремиер Сали Бериша, кој откако искажува осуда за „овој последователен голем супер скандал“ додава дека тој „уште еднаш го докажува црното лице на наркодржавата и главата на медузата, Едвин Рама“. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.