Известува: Фитим Дика
Во склопот на иницијативата „Албум на месецот“, германската еколошка организација Еуронатуре, ги прогласи најубавите фотографии од просторите на Македонија, Косово и Албанија за овој месец.
Оваа иницијатива има за цел да се промовира заштитата на природата и животните во овој регион. Всушност, фотографиите се реализирани во Националниот парк Маврово, кој е меѓу најбогатите паркови со флора и фауна.
Фотографии од оваа природна средина, реализирани од страна на домашни и странски граѓани.