Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Alea iacta est

0
By Zoran Ivanov on March 31, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 31, 2026 08:12

Коцката е фрлена одамна – со изборот за НАТО, со реформите, со жртвите што ова општество ги направи. Враќање назад нема. Патот кон Европа не е прашање на избор, туку на опстанок. Во таа насока, не смее да се игнорира фактот дека поддршката за членство во Европската Унија континуирано изнесува околу 70 проценти од граѓаните, што е јасна, демократска и недвосмислена волја.

Жанета Ќосе

Alea iacta est – коцката е фрлена. Таа реченица, која Јулиј Цезар ја изговорил кога ја преминал реката Рубикон, не е само историска анегдота. Таа е симбол на моментот кога повеќе нема враќање назад. Кога одлуката е донесена, а идните чекори се неминовни. Рубиконот одамна е преминат. Прашањето е само дали оваа власт тоа го препознава или ќе продолжи да живее во политичка илузија дека може да се стои во место, а да се движи напред.

Денес, во време на глобални кризи, геополитички судири и економска неизвесност, концептот на ентропија, распаѓање на системите кога нема јасна насока и енергија, станува застрашувачки применлив за македонската реалност. Колку повеќе се одложуваат одлуките, толку повеќе системот се распаѓа, институциите слабат, младите заминуваат, довербата исчезнува. Ентропијата не е теорија, туку секојдневие.

Во тој контекст, најновите изјави на премиерот Христијан Мицкоски отвораат сериозни дилеми за стратешката ориентација на државата. Наместо јасна и недвосмислена посветеност кон членството во Европската Унија, се нуди „визија„ на децениско чекање, на одложување, на некаква паралелна реалност во која времето не е фактор. Но времето е најскапиот ресурс што оваа држава го нема.

Идејата за регионална иницијатива за енергетски инвестиции, колку и да звучи амбициозно на прв поглед, не може да биде замена за европската интеграција. Да, регионот може да настапува заеднички. Да, Западен Балкан може да се обиде да привлече дел од глобалните инвестиции. Но тоа не е алтернатива, туку максимум комплементарен процес. Се друго е опасна релативизација на стратегиската цел.

Ова не е првпат да се нуди „меѓучекор“. Идеи за регионално поврзување постоеја и порано – од Отворен Балкан до Берлинскиот процес. Дури и други политичари зборуваа за вакви и слични економски модели како преодна фаза, а не како замена. Клучната разлика е токму во тоа, дали тие иницијативи се мост кон Европа или изговор да не се стигне до неа. Европската Унија денес не е само политички клуб. Таа е систем на вредности, но и систем на ресурси. Додека Македонија се наоѓа во претпристапната зона со ограничени фондови, земји како Хрватска веќе управуваат со милијарди евра. Само вчера Хрватска од Европската комисија доби речиси 900 милиони евра од механизмите за закрепнување, средства што директно влијаат врз квалитетот на животот, инфраструктурата, здравството. Тоа е разликата меѓу држава кандидат и членка. Тоа е разликата меѓу чекање и напредок.

Во исто време, предупредувањата од политичари како Али Ахмети не треба да се игнорираат. Доколку државата не продолжи по европскиот пат, ризикот од внатрешна ерозија и геополитичко разлевање станува реален. Историјата на Балканот не познава вакуум – секогаш кога некој простор останува недефиниран, некој друг го пополнува.

Поддршката од европските партнери, како што при посетата викендов ја изрази и претседателот на хрватската Социјалдемократска партија Синиша Хајдаш Дончиќ, е јасна, Европската Унија не е идеална, но е најдобрата можна рамка за мали држави во сложен глобален поредок. Таа носи мир, стабилност и економски развој. Таа е проект создаден по векови војни, со цел тие никогаш да не се повторат. Во таа насока, особено значајна е и неговата оценка дека она што и се правеше и се уште и се прави на Македонија од страна на Грција и Бугарија на нејзиниот европски пат претставува европски срам. Таквите прашања, како што потенцира тој, треба да останат билатерални и да се решаваат меѓу државите, а не да бидат инструмент за блокади, вета и забрани што го кочат македонскиот пат кон Европа. Оваа позиција е силна потврда дека европската перспектива на Македонија има искрени поддржувачи внатре во Унијата и дека интеграцијата не смее да биде заложник на билатерални спорови, туку процес воден од заедничките европски вредности и интереси.

Но Европа не доаѓа сама. Таа бара реформи, бара политичка волја, бара јасна насока. И тука доаѓаме до суштината – нема повеќе простор за изговори. Нема повеќе простор за одложување. Нема повеќе простор за политички калкулации што ја ставаат иднината на генерациите во втор план. Кога премиерот зборува за децении чекање, тој не зборува за апстрактно време. Тој зборува за конкретни животи. За младите што заминуваат со билет во еден правец. За семејствата што се распаѓаат. За економија што стагнира. За држава што полека, но сигурно, влегува во спирала на ентропија.

Во такви услови, критиките од Венко Филипче не се само партиска реторика, туку политички аларм. Тезата дека земјата се оттурнува од европскиот пат не е прашање на интерпретација, туку на факти. Кога реформите стагнираат, кога реториката се менува, кога визијата се разлева – правецот станува очигледен. Македонија нема луксуз да избира меѓу Европа и нешто друго. Затоа што „нешто друго“ не постои. Постојат само алтернативи што водат кон изолација, сиромаштија и политичка зависност. Постојат само сценарија во кои државата губи, а граѓаните плаќаат.

Alea iacta est. Коцката е фрлена одамна – со изборот за НАТО, со реформите, со жртвите што ова општество ги направи. Враќање назад нема. Патот кон Европа не е прашање на избор, туку на опстанок. Во таа насока, не смее да се игнорира фактот дека поддршката за членство во Европската Унија континуирано изнесува околу 70 проценти од граѓаните, што е јасна, демократска и недвосмислена волја. Но, паралелно со тоа, постојат сериозни предупредувања: дека околу 250 илјади македонски државјани веќе имаат земено бугарско државјанство, а со скорото зачленување на Албанија во ЕУ, реална е опасноста овој тренд да продолжи и со албанско државјанство. Тоа не е само административен феномен, туку сигнал за тивка демографска и политичка ерозија. Во таков амбиент, повторно се отвора простор за опасни идеи за поделби како сеништа од минатото кои не смеат да се повампират и повторно да ја стават државата на тест.

Затоа денес, повеќе од кога било, потребна е јасна порака дека Македонија нема децении за губење. Ниту една власт нема право да ги троши животите на своите граѓани во чекање. Ниту една политичка елита нема право да ја претвори иднината во заложник на сопствените калкулации. Македонија мора да оди напред. Брзо, одлучно и без двоумење. Се друго е ентропија. Се друго е распаѓање. Се друго е предавство на иднината. И затоа – коцката е фрлена.

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026
ФОКУС
March 30, 2026

Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси

ВЕСТИ March 30, 2026

Почитувани граѓани на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, сите!

САД: „Власта му припаѓа на народот“, „Без кралеви“, … – протестни пораки до Трамп

March 29, 2026

Кочани: Нов марш за Ангелите

March 28, 2026

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

March 28, 2026
ТИКЕР

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.