Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Александар Мацура: Пандемија на пазарните цени

0
By Нова ТВ on November 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се надеваме дека новата политика ќе ги поддржува само оние обновливи извори на енергија што се отпорни на пандемија. Пандемијата на пазарните цени. Во спротивно, ќе мораме да го продолжуваме карантинот за некои технологии. Ad infinitum.

Годината е 2013. Се прашував што ќе се случи кога ќе зајде сонцето на стимулативни механизми што државата ги дарува за да се поттикне употребата на некои технологии за производство на енергија од обновливи извори. Се прашував поради драматичност, да остане забележано. Не се надевав дека комичарот случајност ќе ни приреди проекција на иднината и дека ќе ни даде можност да застанеме, да размислиме и да ја употребиме мислата за осмислување на идните политики.

  1. Владата на Република Србија ја носи „Уредбата за мерки за поттикнување на производство на електрична енергија со користење на обновливи извори на енергија и комбинирано производство на електрична и на топлинска енергија“. Народски кажано, се отвора можност производството на електрична енергија со помош на технологиите препознаени во овој документ да се откупува по повластени цени. Некој во светот смислил со ваков вид награди да се поттикнува развојот на нови технологии, со надеж и верба (можеби имало и љубов) дека нивните капитални трошоци ќе се намалуваат со текот на времето поради напредокот на технологијата и дека ќе дојде ден кога енергијата од напредни технологии ќе можеме да ја користиме сите на комерцијална основа.

Сѐ уште не бев стар, но и тогаш бев намќорест и со негодување забележав дека технологијата за производство на електрична енергија од мали хидроелектрани нема баш некој простор за напредок, а дека технологиите за биогас речиси удрија во границите на теориската физика и дека надежта дека тие ќе напредуваат е слична на надежта дека ќе произведеме искра удирајќи јајце од јајце[1]. Ги споменав и високите оперативни трошоци на технологијата за биогас. Кучињата лаат, караванот врви, „сплавови су Мека и Медина, само нек се окрече турбина“..

Годината е 2020. Пандемија. Некој во државава се сети дека би можел да го прекине плаќањето на надомест за обновливи извори на енергија и ги упати производителите да ја продаваат својата енергија на пазарот. Системот на Обединетите нации објавува социо-економска анализа за влијанието на ковид-19[2] во која вели дека производителите што ја користат енергијата на ветерот, сонцето или хидроенергијата доживуваат намалување на приходите, но дека бизнис моделот не им е загрозен. Меѓутоа, на производителите што користат биогас, моделот им е загрозен[3]. Губат пари со тоа што произведуваат енергија, но би губеле уште повеќе ако привремено го прекинат производството. Велат дека дел од проблемот, иако е тешко да се разбере точно зошто, е предизвикан од пандемијата, но дел е последица на долгиот синџир на снабдување и високите оперативни трошоци (се слушаат фанфари). Така се вели во анализата што ја подготви Системот на Обединетите нации. Истиот систем, воден од непозната инспирација, пред неколку години во соработка со Владата на Република Србија, даде пари за поддршка на технологијата за биогас кога откупните цени беа недоволни за да ги покријат трошоците за производство на енергија од оваа убава, неодрживо скапа технологија. Поддржана е технологија која прави загуби со тоа што продава електрична енергија по пазарни цени, а не смее да го прекине производството кога цената е пониска од трошоците. Технологија без пазарна иднина.

Република Србија во моментов нема политика за поддршка на производство на електрична енергија од обновливи извори. Се надеваме дека новата политика ќе ги поддржува само оние обновливи извори што се отпорни на пандемија. Пандемијата на пазарните цени. Во спротивно, ќе мораме да го продолжуваме карантинот за некои технологии. Ad infinitum. Не е фер, ајде да вложиме во помош на енергетски сиромашните за да се згреат без загадување.

 

[1] Слава му на Ерик Берн и на преведувачот Љуба Стојиќ

[2] https://www.rs.undp.org/content/serbia/en/home/library/crisis_prevention_and_recovery/covid-19-socio-economic-impact-assessment-.html

[3] “Therefore, wind, solar, and small hydro power producers only had to contend with reduced in- come during the State of Emergency (rather than more systemic financial, business model, or liquidity issues). However, the situation was different for electricity producers from biogas” COVID-19 Socio-Economic Impact Assessment.  страница 37

Текстот е преземен од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.