Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Александар Вучиќ апсолутен победник на изборите во Србија

0
By Biljana on April 3, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Јас сум единствениот претседател во Србија кој победил два пати и тоа во првиот круг“, рече Александар Вучиќ во емотивен говор само неколку часа по завршување на изборите во Србија.

Тој вели дека на тројните избори во Србија, редовни претседателски и вонредни парламентарни и локални, гласале рекорден број на избирачи – 3.840.000.

„Ние имаме покомплетен увид во резултатите, ги имаме резултатите од дијаспората и резултатите од гласачите на Косово и Метохија. Можам да кажам дека се помина во најдобар ред и мир. Задоволен сум што гласачите излегоа во толку голем број“, рече Вучиќ и додаде дека на претседателските избори добил 59,9 проценти од гласовите од обработени над 85 отсто од избирачките места.

Неговиот најсериозен против кандидат, поранашниот генерал Здравко Понош освоил 17,7 гласови, по што следат Милош Јовановиќ со 5,9 отсто, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски со 4,5 проценти, па Бошко Обрадовиќ со 4,4 отсто.

За Александар Вучиќ гласале 2.250.000 гласачи, што според него е историски број на гласови дадени за еден претседателски кандидат во првиот круг од изборите.

„Во однос на парламентарните избори, нашата листа ‘Заедно можеме се’ освои 44 отсто од гласовите. Според нашите пресметки тоа се 125 мандати во Парламентот што значи дека можеме да формираме самостојна Влада со Советот на Унгарците од Војводина бидејќи со нив имаме најблиски односи“, рече Вучиќ.

Тој вели дека за Србија е најважно да има добри односи во регионот, да го продолжи својот пат кон ЕУ, но и да ги задржи добрите врски со традиционалните пријатели.

Србија избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.