Јане Алтипармак: Пресудата за свирепото убиство на кучето Феликс е важен, и одамна задоцнет чекор кон цивилизирање на нашето општество. Ова не е само правда за едно невино суштество – ова е порака дека не може повеќе да поминува неказнето насилството врз животните. Оваа затворска казна нема да му го врати животот на Феликс, но може да спаси други. Може да ги натера обесчовечените да застанат, барем за миг, пред повторно да посегнат по сечило, по стап, по отров. Случката со Феликс стана своевидна метафора на болка, на неправда, но и на отпор. Да не дозволиме неговата смрт да биде уште една во низата што се забораваат.
Извор: Фејсбук