Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

0
By Zoran Ivanov on January 28, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 28, 2026 19:55

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред Владата, симболично им го завртеа грбот, на оние, како што велат, што ним им го вртат грбот.

Илјадници незадоволни работници предводени од Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ бараат да се зголеми минималната плата на 600 евра, а сите други плати нагоре да се зголемат за 6.000 денари.

Претседателот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов, од пред Собранието порача дека работниците очекуваат пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата.

Една година пратениците одбиваат да донесат закон за зголемување на минимална плата. Многу лесно се паѓа од фотелја на работничко столче. Ако до крај на недела не изгласате закон за раст на минималната плата, ќе бидеме пожестоки. Ако вие не ги корегирате нашите плати, ние ќе дојдеме по вашите. Ќе побараме намалување за 80 проценти. А ви следи ново зголемување за 10 проценти. Вие ќе си ги зголемите платите за 200 евра, а работникот, кој ве гласал ќе го оставите без основни средства за живејачка, рече Трендафилов.

Пред Стопанската комора работниците извикаа уаааа по газдите на компаниите.

Да ги поздравиме нашите газди, нека нè гледаат на вести. Тука ќе бидеме и утре. За една година ни се зголемија трошоците за 6.000 денари. Не сме биле продуктивни. А тие се многу продуктивни – за поршиња и за одмори во Грција. Нека си продададат нешто. Ќе блокираме улици, ќе донесеме одлука за генерален штрајк во приватниот сектор, за првпат во историјата, рече Иван Пешевски, потпретседател на ССМ за приватниот сектор.

Протестот заврши пред Владата.

Нас не нè собра политика, туку празни фрижидери, синдикална кошница од 65.000 денари што не може да си ја дозволиме. Вчера слушнав дека поради мене во јавниот сектор не се зголемија платите за 40 проценти. По една година преговарања, не ви личи такво нешто да кажувате. Ако требаше 100 договори ќе потпишавме, само да им заголемување на платите. Ова се наши пари. Им порачувам на овие позади: Рацете настрана од работниците и од синдикатите, рече Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов ги повика работниците симболично да ѝ го свртат грбот на Владата.

Ако нема слух од спротивната страна и продолжи игнорантскиот однос и односот со потсмев кон работничката мака продолжуваме со блокади, продолжуваме со таргетирани институции и таргетирани локации каде што ќе ги блокираме како што не блокираат нас цела година. Продолжуваме со генералниот штрајк во јавниот и во приватниот сектор. 24 часа ќе го блокираме општеството и ќе го блокираме системот кој е највиновен за моменталната состојба. Ќе собереме 10.000 потписи, ќе станеме овластен предлагач на закони како пратениците и ќе побараме да се изгласа намалување на нивните функционерски плати за 80% затоа што ќе ги зголемат за уште десет проценти и се разбира, ќе побараме да ја зголемат минималната плата на најмалку 600 евра и за 100 евра да ги зголемат сите останати плати на работниците. Револтот ќе продолжиме да го изразуваме и на улица и институционално, бидејќи оние на власт мора да разберат дека сиромашен им е народот и дека водат најсиромашна држава со најсиромашни работници, рече Трендафилов.

Фото: Слободен печат

протест пшлати Синдикат Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.