Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасада: Договорот „Дрисла“ опасност за германско-македонските односи

0
By Сашка Цветковска on November 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската амбасада остро реагира на одлуката на комисијата составена од градот Скопје со која тие повторно го избраа италијанскиот конзорциум за концесионер на депонијата „Дрисла“. На прашање на НОВА како ќе ја коментираат одлуката со оглед на фактот дека Управниот суд веќе донесе одлука во корист на германската фирма која беше второрангирана на тендерот и која се жалеше на нерегуларности, од Амбасадата велат дека ваквото однесување на градските власти ќе ја загрози правната сигурност за потенцијалните германски инвестиции.

„Амбасадата е изненадена од изјавите на градот. Ова не придонесува за правната сигурност која е потребна за плодна германско-македонска економска соработка. Германската амбасада и понатаму ќе го поддржува германското претпријатие. Претпоставуваме дека компанијата сега ќе побара високо обесштетување“, велат за НОВА во писмениот одговор од Германската амбасада во Македонија.

Германската амбасада и даде поддршка на германската компанија „Шолц“ кога тие решија правдата да ја бараат на суд. „Шолц“ беше второрангирана на тендерот на Градот Скопје за концесионер на депонијата „Дрисла“. Тие се жалеа пред Вишиот Управен суд на низа пропусти во постапката за избор на концесионер. Судот со својата одлука од Јули годинава ги потврди сомнежите околу изборот на победникот за кои пишуваа и медиумите. Документите докажуваа дека победничката фирма од Италија „ФЦЛ Амбиенте“ е регистрирана два дена пред отворањето на понудите, а во регистарот на компании во Италија се водела како неактивна фирма. „Шолц“ приложи и документи од италијанските судови кои потврдуваа дека партнерот „Униеко“ во Март годинава влегол во претстечајна постапка. Се појавија низа пропусти за кои НОВА пишуваше.

Судот ги потврди нерегуларностите и донесе одлука Градот да ја повтори постапката за избор на концесионер. Градот го стори тоа, но повторно ги избра Италијанците и речиси 40 минути ја правдаше својата одлука на прес-конференција одржана во средата тврдејќи дека одлуката на Судот не успеал да види дека тие навистина ја избрале најдобрата понуда.

Извори за НОВА во германскиот конзорциум велат дека компанијата е бесна на одлуката и дека тие, најверојатно, ќе се откажат од намерата да инвестираат бидејќи немаат доверба во работата на институциите. Градот Скопје најверојатно ќе заврши на суд и од нив ќе се бара голема оштета.

Исто така, НОВА дознава дека конзорциумот барал и средба со градоначалникот Коце Трајановски, но наводно биле одбиени. Средба деновиве побарала и германската амбасадорка со премиерот Никола Груевски веднаш откако разбрала дека Градот Скопје и покрај судската одлука решил да ги остави Италијанците во „Дрисла“.

Што точно се случуваше со изборот на концесионер во „Дрисла“ и што ги отвори сомнежите за нерегуларности со тендерот прочитајте во кусата фактографија која ја подготви НОВА.

1. ФЦЛ Амбиенте е новоформирана фирма, дури два дена пред отворањето на понудите на тендерот. Во италијанскиот регистер се води како неактивна. Основана е со влог од 10.000 евра. 99 проценти сопственик е Финанчиарио Центро Лацио, фирма во сопственост на Масимилјано Ферацоли, директор на Амбиенете и 1 процент е на друга негова фирма. Директорот на Дрисла тврди дека статусот на фирмата (дали е активна или неактивна) не игра улога во квалификувањето за тендерот согласно македонските закони. ФЦЛ Амбиенте во моментот на избор нема финансии и нема искуство согласно критериумите за тендерот.

2. ФЦЛ Амбиенте на тендерот настапува како конзорциум со друга италијанска фирма Униеко. За разлика од Амбиенте, Униеко е фирма стара речиси еден век со искуство во градежништвото, но и во управувањето со отпад. Сепак, водечки член во овој конзорциум не е Униеко, што би било логично со оглед на фактот дека ФЦЛ Амбинете сама не би исполнила ниту еден критериум од тендерот, туку лидерот е сепак Амбиенте.

3. Сите бодови кои ги добива овој конзорциум се однесуваат на кредибилноста на Униеко. Сепак, согласно повикот, се оценува вкупната способност на конзорциумот заедно, а не одделно на секој член.

4. Откако овој конзорциум бидува избран, потребно е да се формира фирма во Скопје или друштво со посебна намена за градот да го склучи договорот со новиот концесионер. Основач на оваа фирма е единствено ФЦЛ Амбиенте. Униеко никаде не фигурира, ниту во сопственичкиот удел, ниту, пак, има свој претставник во одборот на Дрисла.

5. Ако се отвори веб страницата на ФЦЛ Амбиенте, единствено може да се прочита дека оваа фирма е основана со намера да ја превземе скопска Дрисла. Ако се отвори веб страницата на Униеко, нема да најдете ниту збор за победа на тендер во Скопје, што изгледа чудно бидејќи компанијата ги има набројано сите проекти во кои учествува.

6. Градот Скопје заедно со ФЦЛ Амбиенте летово организираа прошетка за новинари во Италија за да им покажат како Амбиенте планира да ја модернизира Дрисла. Посетија извесна фабрика за гас „Белведере“ која не е ниту сопственост на Амбиенете ниту на Униеко. Од Градот никогаш не одговорија зошто новинарите не беа однесени во некоја од нивните депонии (Униеко).

7. Банкарските гаранции се тајна. (класифицирани)

8. Тендерското досие е тајна. (класифицирани)

9. Договорот помеѓу Градот и Дрисла е тајна.

10. Договорот помеѓу Униеко и ФЦЛ Амбиенте е, исто така, тајна. Директорот на Дрисла Ангелов изјави дека нив не ги интересирало како членовите на конзорциумот ги уредувале меѓусебните односи.

11.Германците тврдат дека Униеко во Април годинава започнала стечајна постапка. За тоа до Судот доставиле и потврда од италијанскиот суд. Судот го констатира ова, како и многу други нерегуларности.

Градот Скопје и покрај судските препораки изготви образложенија на 10 страници зошто се уште мислат дека Италијанците се најдобриот избор. Овие образложенија ќе им ги понудат на советниците во вторник со надеж дека истата фирма, без разлика што вели судот, повторно ќе биде избрана и ќе остане во Дрисла.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.