Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање уништи 270 верски и 783 културни објекти, ги повикуваме земјите да се приклучат кон Специјалниот трибунал 

0
By Соња Крамарска on October 26, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целосната инвазија на руската федерација во Украина доведе до привремена окупација на речиси 20 отсто од територијата на Украина и непоправлива загуба меѓу цивилното население и воениот персонал и до хуманитарна криза од големи размери за целиот свет, сумираше денес украинската амбасадорка Лариса Дир на конференцијата посветена на војната во Украина, која се одржа во Скопје.

Зборувајќи за последиците таа посочи за тортура и убиства на украинско цивилно население и воен персонал на вооружените сили, киднапирање на украински деца и нивно насилно пренесување во Руската федерација.

„Русија извршува ракетни и беспилотни напади за да убива цивили и да ја уништи енергетската инфраструктура, која нема воена намена и насилно испраќа мобилизирани Украинци во воената зона и ги принудува да се борат против своите сограѓани. Гранатирањето од страна на руските сили уништи или оштети најмалку 270 верски објекти и уништени се 783 објекти од културно наследство“, рече амбасадорката.

Дир објави дека еколошката штета во Украина предизвикана од војната во Русија се проценува на повеќе од 27 милијарди евра.

Во продолжение таа се осврна и на нуклеарна уцена од страна на Руската федерација и последователни нелегални обиди за анексија на украински територии и незаконско присвојување на капацитети за нуклеарна енергија како и за миграциската криза во која околу 7,7 милиони бегалци кои бегаат од Украина се регистрирани низ Европа, додека околу 8 милиони луѓе се раселени во земјата.

„Разорните последици од руската војна против Украина може да се сфатат само со разбирање на генезата на криминалните дела на Русите. Русија намерно го избра патот на убивање Украинци и ликвидација на Украина како држава. Со други зборови, Русија го продолжува геноцидот врз Украинците“, рече амбасадорката.

„Има повеќе од доволно докази за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото извршени од Руската федерација на територијата на Украина. Парламентите на голем број земји веќе усвоија одлука за осуда на злосторството геноцид во Украина извршено од Русија – тоа се Полска, Естонија, Латвија, Канада, Литванија, Словачка, Чешка, Ирска“, нагласи таа и повика парламентите на земјите да донесат соодветни одлуки во врска со осудата на геноцидот врз украинскиот народ.

„Ја повикуваме секоја држава да размисли за приклучување кон Специјалниот трибунал инициран од Украина за да го казни руското воено и политичко раководство за неговото злосторство на агресија“, порача Дир.

Таа апелираше на побрза испорака на оружје за Украина во кое ќе предничат ракетните и воздушните одбранбени системи „за да се избегнат повеќе жртви“.

Зборувајќи за НАТО аспирацијата на Украина амбасадорката Дир потсети дека нејзината земја на 30 септември потпиша апликација за забрзан пристап во НАТО, за што е потребен консензус од сите земји-членки. „Доколку Алијансата постави дополнителни мерки, кои Украина треба да ги преземе за успешно да го заврши процесот на пристапување во НАТО, Украина ќе ги исполни сите. Би сакале да побараме поддршка за овој процес“, рече таа.

На крајот амбасадорката се заблагодари на Северна Македонија, која како што истакна, ги поддржа сите пакети санкции, даде поддршка за сите резолуции кои се однесуваат на помошта на Украина во рамките на меѓународните организации, го поддржа форматот на Кримската платформа, учесник е на Парламентарниот самит на Кримската платформа, чија седница се одржа вчера, за обезбедување хуманитарна помош од првите денови на војната, како и суштинска воена помош.

С.К.

конференција за Украина Лариса Дир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.