Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорот Ерван Фуере: Најмалку што треба да направи Бугарија откако ќе се внесе бугарската заедница во Уставот е да го признае постоењето на македонско малцинство во Бугарија

0
By Zoran Ivanov on October 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Би се надевал, а и сè уште се надевам, дека како знак на реципроцитет – во замена за внесувањето на амандманот во Уставот, со кој се признава постоењето на бугарско малцинство во земјата – Бугарија треба да ги почитува сите одлуки на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со кои се признава постоењето на македонско малцинство во Бугарија.

Џабир Дерала

Во ексклузивното за ЦивилМедиа, објавено на 26 октомври, Ерван Фуере зборуваше на повеќе теми клучни за ЕУ, Украина, западнобалканскиот регионот и Северна Македонија. Во разговорот, тој изрази оптимизам за „изразената заложба на новата влада да го продолжи – со обновена енергија – процесот на преговори за пристапување кон Европска Унија“.

Притоа, нашиот соговорник потсети дека „Европска Унија е најголем снабдувач на поддршка, финансиска помош за Македонија“, како и најголем трговски партнер на земјата. Според Фуере, „интересите на новата влада би требало да бидат да направи сѐ што е можно за зајакнување на тој однос и со тоа да ги почитува и исполнува сите реформи кои се бараат според Копенхашките критериуми“.

Во врска со билатералниот спор на Северна Македонија со Бугарија, Фуере има остар критички став за одговорноста на Европска Унија.

Лично сметам дека Европска Унија ја третираше Северна Македонија многу неправедно, со сите пречки што беа поставени од поединечни земји членки, кои ја злоупотребуваат својата моќ на вето. По Грција, сега е Бугарија и тоа е жално, бидејќи тоа не ги почитува критериумите поставени од Европска Унија, рече проминентниот европскиот дипломат и експерт во интервјуто за ЦивилМедиа.

Според Фуере, најмалку што треба да направи Бугарија, откако ќе се внесе бугарската заедница во Уставот на РСМ, е да го признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија.

Би се надевал, а и сè уште се надевам, дека како знак на реципроцитет – во замена за внесувањето на амандманот во Уставот, со кој се признава постоењето на бугарско малцинство во земјата – Бугарија треба да ги почитува сите одлуки на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со кои се признава постоењето на македонско малцинство во Бугарија. Ова би било минимум што би се очекувало од Бугарија, која е земја членка на Европска Унија од 2007 година, изјави Фуере во ексклузивното интервју за ЦивилМедиа.

Воедно, одговорот на Фуере упатува и на тоа дека политиката треба да се одвои решавањето на спорните македонско-бугарски разлики.

Верувам дека Бугарите и Македонците, ако се сретнат надвор од политиката, ќе се согласуваат многу добро. Затоа, треба да создадеме клима која ќе им го покаже тоа на политичарите, особено на бугарската актуелна влада, рече Фуере.

Според него, „она што се случи помеѓу Бугарија и Македонија е особено лошо, бидејќи ги покажува двојните стандарди на Европската Унија, и тоа ја слабее нејзината кредибилност“.

А кој има корист од тоа? Секако, Русија. Тие се најголемиот актер во однос на дезинформациите и обидите за поткопување – на секој можен начин – на демократскиот процес во засегнатите земји и сите земји од Западен Балкан. Нивните активности се исклучиво насочени кон дестабилизација“, предупреди Фуере во интервјуто за ЦивилМедиа.

Според него, Европска Унија мора да го разбере тоа многу посериозно. Затоа, препорачува Фуере, „потребно е да се стави поголем акцент на динамиката на агендата за проширување на ЕУ, на Копенхашките критериуми, и да се избегне секоја ситуација која може да биде искористена од оние кои не сакаат Западен Балкан да се приклучи на Европската Унија, како што е, посебно, Русија на Путин“.

Ерван Фуере ќе учествува на големата меѓународна конференција на ЦИВИЛ „Одбрана на демократијата и човековите права“ на 12. декември.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.