Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбла била дискриминирана, потврдија од Комисијата за заштита од дискриминација

0
By НОВА ТВ Balaban on March 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните најмногу се жалеле за дискриминација на работно место, пред се во образованието и на политичката определба

Малата Амбла од Гостивар, девојчето со Даунов синдром која беше спречена да следи редовна настава во училница, била дискриминирана, утврди Комисијата за заштита од дискриминација.

Комисијата предмет за Амбла Адеми отвори по допрен глас на 3 февруари. Членовите на Комисијата, во период од две седмици, ги сослушаа сите засегнати страни- родителите на Амбла, наставниците и училишниот психолог, лекарот на Амбла, но и родителите на останатите деца во класот, кои жестоко се противеа Амбла да следи редовна настава со соучениците, наведувајќи оти се однесувала агресивно и ги плашела останатите деца од одделението.

Претседателот на Комисијата, Кире Василев на прашање на НоваТВ вели дека во конкретниот случај, по извршени разговори, била констатирана дискриминација и биле дадени препораки.

– Сега она што треба да направиме е да надгледуваме дали препораките дадени до училиштето и локалната самоуправа се спроведуваат. Доколку не бидат спроведени ќе треба да покренеме прекршочна постапка пред надлежен суд, вели Василев.

Таткото на Амбла, Илир Адеми, за НоваТВ вели дека се во постојана комуникација и со Комисијата за заштита и спречување на дискриминација и со канцeларијата на Народниот правобранител.

– Комисијата донесе одлука да препорача индивидуална настава за Амбла во адекватна просторија за неа, а не како претходно да учи во студена сала. Имаше и препораки до родителите кои ја покренаа петицијата. За сега образовaнието на Амбла во училиштето тече во ред”, ни рече во краток разговор таткото на Амбла. Инаку, претседателoт на КЗСД, Кире Василев на денешната презентација на Годишниот извештај рече најголем дел од предметите, од вкупно 220 на кои работеле изминатата година, биле предмети за дискриминација од областа на работата и работните односи од јавниот сектор и пристапот до јавни добра и услуги. Поголем дел од претставките биле врз основа на етничка припадност.

Заменик претседателот на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, Камбери, вели оти зголемениот број на претставки кои ги добиле во изминатите месеци укажува дека кај граѓаните била вратена  довербата во работата на Комисијата.

– Минатата година добивме тројно повеќе претставки, вкупно 167. Или, како за споредба годините претходно до Комисијата биле адресирани околу 60 претставки што само по себе укажува дека довербата кај граѓаните е зголемена, вели Камбери. Граѓаните најмногу се жалеле за дискриминација на работно место, пред се во образованието и на политичката определба.

Во однос на пристапот до јавни добра и услуги кај најголем дел од претставките доминирала дискриминацијата врз основа на боја на кожа, социјално потекло и попреченост, што само по себе укажува на недоволен сензибилитет кај граѓаните кон одредени категории на граѓани.

– На пример имавме трансродово лице на кое му бил забранет пристап до лекови во аптека. Досега имаме околу шест утврдени дискриминации во оваа област по основ на родов идентитет, вели Камбери и додава дека голем дел од претставките, околу осум пак се поради вознемирување поради сексуална ориентација на социјалната мрежа Фејсбук. Седум претставки кои стигнале до Комисијата биле по основ на родова дискриминација, а уште толку за родов идентитет. Комисијата го презентираше Годишниот извештај за 2021 година. Работени биле 167 предмети, а решени биле 40 отсто од предметите.

Од Комисијата велат дека детектирале слабости во актуелниот Закон за заштита од дискриминација и оти наскоро до надлежните институции ќе достават предлози за измени на Законот.

(Б.Божиновска)

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.