Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американците утре на улиците: протест против Националната агенција за безбедност

0
By Нова ТВ on October 25, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


*Групата за заштита на електронските права и приватноста на интернет, „Electronic Frontier Foundation“ обезбеди поддршка од познати глумци, режисери, активисти и политичари. Меѓу нив и Оливер Стоун и Џон Кјузак, кои ги повикуваат луѓето да им се придружат во протестите во сабота против масовното шпионирање и делување на агенциите како што е НСА

Едвард Сноуден, протекувачот на информации и поранешен вработен во Националната агенција за безбедност на САД, издаде соопштение со поддршка на Собирот против масовен надзор кој се случува во сабота во Вашингтон:

„Во последните четири месеци, научивме многу за нашата Влада. Научивме дека американската разузнавачка заедница тајно изградила систем за продорен надзор. Денес, нема телефонски повик во Америка кој не „остава“ податоци во НСА. Денес, нема интернет трансакција која влегува или излегува од Америка без да помине низ рацете на НСА. Нашите претставници во Конгресот ни велат не се работи за следење. Тие грешат. Сега, време е Владата да учи од нас. Во сабота, Американскиот сојуз за заштита на граѓанската слобода, Фондацијата за електронска заштита и останатите од „StopWatching.Us“ коалицијата („Престанете да не прислушкувате“) ќе одат во Вашингтон. Придружете ни се во испраќањето на пораката: Престанете да не надгледувате“, се вели во соопштението на Сноуден.

Противниците на Националната агенција за безбедност, во сабота ќе излезат на улиците да протестираат против масовниот надзор.

Коалиција на групи наречена „StopWatching.Us“, во која се вклучени и Американската унија за граѓански слободи и како и Слободарската партија, планираат митинг на илјадници луѓе во Вашингтон, со цел да се продолжи притисокот врз Конгресот – да одговори на откритијата на протекувачот Едвард Сноуден. Сноуден, поранешен вработен во НСА, обелодени илјадници документи до новинарите за операциите на Агенцијата за безбедност.

„Почнавме со митинзи таму од каде што потекнуваат членовите на Конгресот, и сега ќе одиме таму каде што работат”, вели Чарли Фурман, менаџер на онлајн групата за застапување „Барање за прогрес“ која помага во организацијата на настанот. „Ова е нешто за кое ние нема да престанеме да се грижиме“.

Помеѓу официјалните поддржувачи објавени на сајтот се наоѓаат и „Партијата од Охајо“ како и „Зелената партија“. Потоа компаниите „Бен и Џери“ како и „Реддит“.

„Се работи за реална сила, тоа што луѓето се заедно кога не се согласуваме за толку многу работи“, надополнува Фурман.

Коалицијата бара: зголемена транспарентност; крај на програмите за податоци од телефонските записи на Американците; одговорност за креаторите и поддржувачите на програмите.

Фурман очекува илјадници демонстранти, меѓу кои и Томас Дрејк, уште еден протекувач на НСА.

Реформските напори се соочуваат со неизвесна иднина во Конгресот. Откровенијата на Сноуден ги испомеша традиционалните лево-десно поделби, но НСА сеуште има верни поддржувачи како калифорнискиот сенатор Даен Фајнстајн, кој вети дека „ќе стори сé што може“ за да се спречи евентуален крај на следењето на повиците.

Коалицијата ќе предаде повеќе од 500 илјади петиции до Конгресот, со цел да ги потсетат дека тие работат за народот – и дека нема повеќе да толерираат масовен надзор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.