… жена која во замена за функција е спремна да даде се од себе и, …
Бранко Тричковски
Американска кучка
Жена чии високи етички стандарди мажот мора со време да ги достигне, за да биде вреден за нејзината љубов.
Дефиницијата е на Сузан Сонтаг
Не знам како да ја разберам.
Дали како критика или како пофалба.
Всушност, имам аргументи и за двете разбирања.
Со респект кон рокерскиот сленг од 1965.
Македонска кучка?
Жена без етички стандарди на која мажот може да и се доближи само ако е џукела која мафта до опашката додека таа ја кине преговарачката рамка, второ, жена која во замена за функција е спремна да даде се од себе и, трето, жена која со сета страст и злоба учествуваше во кампањата против бившата власт и која сега, кога новата може да ги ебе сите, се чувствува запоставена, изневерена, исфрустрирана и длабоко разочарана.
Од Фејзбук ѕидот на авторот