Вашингтон: Украина употребила американско оружје за да нападне цели во Русија во изминатите денови, јавија американските медиуми повикувајќи се на изјава на американски сенатор и западен функционер запознати со тоа прашање.
Оружјето беше користено според неодамна одобрените насоки на претседателот Џо Бајден, дозволувајќи им на американското оружје да се користи за напад во Русија со ограничена цел за одбрана на Харков, вториот по големина град во Украина.