Монте Карло: Американскиот тенисер Себастијан Корда бил нападнат и ограбен пред почетокот на АТП турнирот од серијата 1000 во Монте Карло, објави денеска весникот „Фигаро“.
Инцидентот се случил на 4 април во туристичкиот град Рокбрун-Кап-Мартен. Според весникот, 23-годишниот тенисер бил нападнат од двајца непознати мажи – едниот го соборил Корда на земја, а другиот во тоа време му го украл часовникот вреден 300 илјади евра.
Напаѓачите успеале да побегнат.
Полицијата го истражува случајот.