Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амнестирани криминалци и нарко босови, Силјановска на денот на револуционерната борба го „почести“ со слобода припадникот на кланот Барон

0
By Marija Todorovska on October 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шокантни се скандалозните помилувања од страна на претседателката Сиљановска Давкова. Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога.

Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк

Опозициските СДСМ и ДУИ обвинија дека претседателката Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ослободуваат криминалци и нарко босови од затвор.

– Шокантни се скандалозните помилувања од страна на претседателката Сиљановска Давкова. Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога. Најшокантно е помилувањето на припадници на криминалниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на познатиот Шенки. За дел од помилуваните има основани индиции дека се вмешани и во други кривични дела и криминални пресметки, како што беше пукањето во Чаир. Помилувани се и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски кој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

Со овие скандалозни одлуки, потенцира таа, Давкова застана во заштита на криминалците и нарко клановите.

– Ова е погазување на правото и правната држава. Ова е силен удар врз безбедноста на граѓаните и врз работата на полицијата и надлежните институции. Сето ова се случува во време кога се загрозува безбедносниот систем и со партизација на Агенцијата за национална безбедност. Осудени криминалци треба да се соочат со правдата а не да шетаат слободно и да хараат по улиците. Во услови кога на улиците има зголемени криминални пресметки, овие помилувања дополнително ќе ги охрабрат криминалците со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните. Давкова го поткопува владеењето на правото и даваат сигнал дека секој што е под заштита на власта може да прави што сака. Ова е скандал од огромни размери и со сериозни последици за безбедноста на граѓаните, истакна таа.

СДСМ бара претседателката Силјановска Давкова веднаш да ја повлече скандалозната одлука.

Пратеникот на ДУИ, Илир Хасани изјави дека нема информации за лицата кои претседателката Гордана Силјановска ги помилувала, но нагласи дека мора да ја покаже причината за оваа постапка.

– Немам информации за дотичните лица кои се помилувани од претседателот, реално таа ќе треба да го даде своето образложение, иако овие помилувања не се оправдани, помилувањата од претседателот не се оправдани, но тие можат, имаме демократското право да ги толкува, нагаласи меѓу другото Хасани.

Од партијатa Левица ја окаракетризира како скандалозната одлука на претседателката Сиљановска да помилува криминалци кои се дел од познати нарко групи покажува дека и новата власт има „долгови” кон криминалното подземје.

– Токму Сиљановска во предизборието го обвинуваше Пендаровски дека помилувал член на кланот Барон, за вчера да одекне веста дека претседателката помилува уште еден криминалец од оваа група која го тероризира Скопје, велат од Левица.

Од друга страна ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски апелира до претседателката Гордана Сиљановска – Давкова да ги помилува и ослободи и затворените за случајот „27 април“.

– На 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, со особена почит се сеќаваме на патриотите и визионерите кои го отворија патот кон слободна Македонија. Нивниот непоколеблив дух и стремеж кон слободна држава претставуваат темел врз кој е изградена нашата иднина. Нека ни служи како потсетник нивната храброст и солидарност како клучни вредности кои што треба да ги негуваме и понатаму, заедно градејќи поубаво и поправедно општество. Во исто време го искосристуваме овој голем ден да упатиме и апел до претседателката на С. Македонија да ги помилува и ослободи и затворените од случајот „27 април“. Нека е честит Денот на Македонската револуционерна борба! – велат од ВМРО-Народна.

Шенол Маслани кој пред 5 години беше уапсен во спектакуларна акција на МВР (се спомнуваа дрога, луксузни автомобили, напад врз полицаец и оружје), наместо 6 месеци во затвор, условна казна доби арачиновецот.

Тогаш по неколку часа во полициска станица, Шенол и неговиот брат Шенки Маслани – Версаче беа ослободени и прославија со музика во живо на социјалните мрежи. Денес е помилуван. За случајот со двајцата браќа немаше никакав информација во јавноста за текот на евентуалниот кривичен судски процес.

На листата на амнестирани објавен во Службениот Весник е и еден осуденик од предметите на СЈО. Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски добил делумно ублажување на казната и намалување за една година затвор. Талевски е единствен политичар на претседателката листа на помилувани.

Најпроблематичен избор на претседателката Силјановска и нејзината Комисија за помилување е замената на 15 месеци затвор за условна казна за Акиф Равмановски попознат како Акиф Јусуфи од скопскиот клан „Барон“.

Бил осуден за недозволено поседување оружје кое било нелегално, а Равмановски алиас Јусуфи е дел од истрага за вооружен напад врз скопајнец кој се случи 8 дена пред да добие амнестија за државниот празник- Ден на националната борба.

На листата е и екс разузнавачот Марјан Ефремов кој беше осуден на висока казна затвор во контроверзниот случај Шпион. Беше вратен во затворот Идризово и зад решетки, но за празникот доби намалување на казната за 3 месеци.

Целосно ослободување односно замена на 1 година затвор за условна казна доби и охриќанецот Никола Трпчески.

Делумно ослободување добија осудениците Мухарем Али од Скопје (намалување од 2 месеци(, Тодор Попов од село Миравци (3 месеци), Томислав Симонов од Скопје (3 месеци), Перо Кузмановски од Градско, (3 месеци) и Живко Делиџаков од Богородица (три месеци).

Давкова за ТВ21 за помилувањата изјави дека: „Личностите се навистина интересни во негативна смисла, сега го гледам тоа“.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.