Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитичари за Нова: Клучот за успешен дијалог со САД е во наши раце

0
By Mirjana on June 3, 2022 НАСЛОВНА
Фото: Весник Илинден
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, кој се одржува во Вашингтон, наидува на позитивни одгласи во јавноста како нешто кое не само што ќе ги зацврсти билатералните односи туку и ќе испрати добри сигнали за нас, на трети земји и инстанци.

Поранешниот  македонски  амбасадор во САД Васко Наумовски за НОВА изјави дека овој дијалог е форма за зацврстување на билатералните односи со цел да се нагласи стратешкото партнерство, особено во моменти кога е потребна натамошна стабилизација на Балканот, како дел од приоритетите на американската надворешна политика. Секако , вели Наумовски, овој процес треба да се анализира и во контекст на актуелната руска агресија врз Украина и зајакнување на соработката меѓу државите членки на НАТО.

„Меѓу целите на овој процес се и продлабочување на соработката во политичките и во економските односи, одбраната но и отворање на можности во области  во кои до сега не бил искористен потенцијалот, како на пример енергетиката, инвестициите образованието, културата“…изјави Наумовски за НОВА.

Во контекст на геостратегиската тежина на овој формат на американско-македонски дијалог, Наумовски посочува на американските приоритети на Балканот.

„Конечната стабилизација на Балканот е дел од приоритетите на надворешната политика на САД во Европа, на што се надоврзува и поддршката за проширување на ЕУ со државите од регионот. Последните месеци ја нагласуваат и потребата од поцврста соработка и меѓусебна поддршка на членките на НАТО, со цел оневозможување на обидите за дестабилизација на Балканот“, вели Наумовски.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, смета дека ова за нас претставува голема чест и углед и една од поубавите работи што и се случиле на Македонија во последно време.

„Не верувам дека на Американците ваков вид на дијалог им е прв пат, но верувам дека ова искуство се покажало како добро и затоа се применува и натаму. Тоа што од регионот на Западен Балкан, дијалогот почнува прво со нашата земја, е дополнителен мотив да се трудиме да сме достојни партнери. Бидејќи не верувам дека САД  ќе почнат стратешки дијалог со земја во која не владее правото и цвета корупција, очекувам дијалогот да содржи и едно такво барање за испорачување резултати  во реформскиот процес. Ова е повисок степен на соработка меѓу двете земји, поиздржана би рекол, и со самото тоа претставува заштитен чадор за нас но и е добра референца што би ни користела во односите и соработката со други земји и организации“, вели Муслиу за НОВА.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели клучот за успешен дијалог со САД е во нашите раце. Според него формата „Стратешки дијалог“ не е невообичаена  и САД  ја имале со многу земји во светот, а таа понекогаш била успешна, понекогаш не.

„Постои нова методологија која има за цел да го забрза дијалогот, но во основа, само од нас и нашето МНР зависи колку овој формат ќе биде успешен, затоа што тие се оние кои треба од дијалогот да извлечат конкретни поволности за Македонија, и продлабочување на стратешкото партнерство.  Во услови на растечка криза и пораст на евроскептицизмот, логично е САД да понуди дополнителна порака, и за внатре и за надвор, но дали ова ќе значи забрзан развој на односите или ќе остане само утешна награда, зависи од нас“, вели Арсовски за НОВА.

Според него интензивирањето на стратешкиот дијалог е индикација за нов напор на САД во регионот и за поагресивна политика кон овие земји. „Погледнете ги само поставувањата на амбасадорите, сите од прв до последен искусни на Балканот“, цени аналитичарот Арсовски во изјава за НОВА.

Денеска Македонија и САД од Вашингтон излегоа со заедничка изјава во која двете земји ја истакнуваат својата посветеност на регионалните иницијативи, соработката во одбраната и безбедноста, доброто владеење, владеењето на правото и трговијата и инвестициите.

Мирјана Трпческа

 

АНАЛИТИЧАРИ ЗА МАКЕДОНСКО АМЕРИКАНСКИ ДИЈАЛОГ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.