Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Дали во Турција започнува голем преврат

0
By Борјан Јовановски on June 1, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Протестите во Турција стануваат се помасовни и од еден парк во Истанбул нагло се проширија во десет града низ Турција. Според последните информации од теренот на демонстрантите им се приклучуваат цели населби од високата средна класа а слоганот “Ердоган оставка” станува се погласен. НОВА контактираше со интелектуалци во Турција кои решија да им се приклучат на протестите.Новинарот Орхан Даларасла, кој во моментов се наоѓа во Измир, за НОВА вели дека растечкиот број на луѓе кои им се приклучуваат на демонстрантите влева оптимизам.

– Ако до пред малку лично сметав дека движењето нема сила да продолжи уште долго по реакциите на народот, односно младите, по денешниот говор на Ердоган во кој тој не нарече фашисти и истакна дека ќе продолжи со агресијата врз нас, верувам дека турското општество е подготовено за промени, дека ова движење кое расте од час на час имаме сила да прејде во нешто големо. Видете ја онаа фотографиоја на мостот. Тоа е силната млада Турција која има волја и сила да се избори за промени и за демократско општество., вели за НОВА новинарот Орхан Далараслан.

Индикативно за состојбата на демократијата во Турција е и односот на медиумите кои се обидуваат да ја премолчат целата ситуација.

-Тие воопшто и не известуваат за ова. Големите телевизии, големите весници молчат и се преправаат дека ова не се случува. Дека овие стотици илјади млади луѓе надвор едноставно не и се случуваат на Турција денеска. Тоа е уште еден доказ колку е ова општество демократично, вели нашиот колега кој заедно со други активисти се обидуваат да го обрнат вниманието на меѓународната јавност преку социјалните мрежи.

На хаштагот #geziparkı на Твитер досега се испратени 70.000 твита воглавно адресирани до меѓународната јавност.

За позадината на овие случувања воспоставивме контакт со професорката Зејнеп Алемдар која, како што ни рече, заедно со уште илјадници други припадници на високата средна класа во Турција им се придружуваат на протестите.

-Ова е кулминација на реакциите против угнетувачките политики на владата. Во нивниот втор мандат тие ја зголемија нивната нетолерантност кон различните мислења и групи во општеството кои мислат поинаку од естаблишментот. Полицијата се повеќе делува како некаква морална милиција, а не сервис на граѓаните. Пред неколку дена во метрото во Анкара осамнаа плакати со предупредување “однесувајте се пристојно во метрото”.

Плакатите беа ставени откако претходно момче и девојка беа опоменати да не се бакнуваат во метрото. Во меѓувреме не загрижува што се подготвуваат уставни промени, а во таа дебата луѓето од владеачката АКП се повикуваат на цитати од Куранот. Сево ова не потсетува на Иран пред револуцијата, вели за НОВА професорката Зејнеп Алемндар.

СОЛИДАРНОСТА – ГЛАВНО ОБЕЛЕЖЈЕ НА ПРОТЕСТИТЕ

Македонскиот фоторепортер Томислав Георгиев во моментов се наоѓа во центарот на Истанбул и веќе втор ден е на терен помеѓу демонстрантите. Томислав вели дека и покрај морничавите глетки од крв на улиците на Истанбул, сепак, односот на граѓаните едни кон други сведочел не само за солидарноста, но и за масовната поддршка на граѓаните кон демонстрантите.

-Атмосферата е фантастична, не затоа што има крв по улиците, а има, или затоа што агресијата на полицијата е очигледна, туку затоа што Турците се покажаа храбри и пред се сплотени. Во Истанбул ниту еден излог не е искршен и ниту една продавница не е затворена. Луѓето од кафеантие излегуваат и им помагаат на настраданите од солзавец, им носат парчиња лимон, вода, сокови, делат бесплатна храна. Сега бев сведок на една сцена кога аптекарот излезе од апткета со пакет маск и им ги делеше на луѓето за да се заштитат.

-Келнерите заедно со своите газди чекаат да заврши смената и да одат на протести. Работат, ручаат, протестират, па пак на работа, па пак на протести, едноставно протестот станува се помасовен, а народот кој не е на протести не се плаши од демонстрантите туку ги помага и поддржува.

Георгиев е восхитен и од храброста на младите кои се во првите редови во судирите со полицијата.

-Младите воопшто не им се плашат, им фрлаат солзавец, овие го фаќаат со рака и им го враќаат. Се чувствува дека на луѓето им е преку глава и на стари и на млади, со кого и да позборувате и од она што го гледате, едноставно тоа чувсто е неизбежно, раскажува Георгиев.

Се почна во четвртокот со еден помал протест на граѓани насочен против градежниот проект кој паркот Гези на централниот плоштад Таксим во Истанбул требаше да се претвори во бетон. Демонстрантите кои излегоа да кажат НЕ на сечењето на стариот парк во центарот беа насилно растерани со солзавец и водени топови, иако не даваа никаков отпор ниту ја напаѓаа полицијата.

Во знак на солидарност илјадници луѓе се придружија да го изразат својот револт против насилството кое полицијата го примени на плоштадот Таксим. Но, и одговорите на полицијата продолжија во истиот манир – многу солзавец, многу водени топови, многу повредени и еден мртов. Па, така протестите во меѓувреме се свртија кон се поавторитарното владеење на Ердоган.

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛОЗОФОТ СЛАВЕЈ ЖИЖЕК

На повиците за меѓународна солидарност се огласи и познатиот филозоф Славој Жижек.

-Иако предизвикани од очигледно скромно локално прашањето за заштита на парк во самиот центар на Истанбул од комерцијални уништувања, тековните протести во Турција очигледно се однесуваат на многу подлабок проблем. Фактот дека протестите експлодираа во една земја која се смета како модел на “умерен исламизам” со растечка економија, се клучен показател на она што го открива проблемот. Станува збор за комбинација на неолиберазлизам со религиозно-националистички авторитаризам. Жртвата на овие два процеса е иста: независното граѓанско општество со својот дух на солидарност и културата на толеранција, духот што го формира ‘рбетот на етичкото здравје на нацијата.

-Ова е причината зошто овие протести се дел од истата глобална агитација која го тресе утврдениот порадом во светот. Сите луѓе кои се грижат за слобода и еманципација на тој начин треба да се солидаризираат со турскиот народ: Добредојдовте! Сега сме дел од истата глобална борба! Шпанија, Шведска, Грција, Турција … само ако ние се бориме заедно имаме шанса!, вели Жижек во својата изјава испратена до неговите пријатели во Турција.

Забелешка: Фотографијата во прилог на овој текст е на Томислав Георгиев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.