Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Кој и да е во Атина, не не спасува од сопствениот проблем

0
By Борјан Јовановски on January 27, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што ќе прави и како ќе се постави владата на Ципрас во однос на македонското прашање или проблемот со името е нејасно исто колку и за прашањето што ќе прави во врска со деликатните односи, во околности на тешка економска криза, во еврозоната.

Сириза како движење обедини различни помали радикално левичарски партии кои низ времето околу себе мобилизираа воглавно интелектуалци и поединци со слободорска ориентација, тврдо спротиставни на сите политички сили кои имале или можеле да имаат врска со диктатурата на полковниците чиа жртви беа токму луѓето кои денска се или гравитират околу Сириза.

За нас би требало да биде добра вест што луѓе за кои таканаречените тешки национални прашања меѓу кои и македонското имале мала или воопшто немале некаква релеваност за концептото на изградбата на модерната грчка проевропска демократија. Тука во предвид се има и нивната тврда контра позиција во однос на главниот инспиратор на грчкиот национализам, Грчката правослана црква.

Сепак, по победата на Сириза речиси да нема познавач на приликите кој е во можност да даде категоричен ваков или онаков став како ќе се постави владата на Ципрас во однос на решавањето на проблемот со името од кој зависи нашата евроатлантска иднина.

Рано е да се каже било што во однос на надворешната политика на владата на Сириза. Јасно е дека новата влада ќе биде доследна на актуелната заложба за ерга омнес со географска одредница пред името Македонија како решение кое ќе се користи во односите со сите држави и организации.

-Според мене, Сириза ќе се залага за проактивно вклучување на граѓанското општество во односите на повеќе различни нивоа но не и за прашањето за името. Не верувам дека учеството на АНЕЛ како националистичка партија во коалицијата ќе има значајна улога во надворешната политика на кабинетот на Ципрас. Во секој случај во рамките на самата Сириза постојат многу различни гледипта околу главните надворешно политички прашања, вели за НОВА, Ангелики Спану, дипломатски уредик на влијателната Елефтеротипија.

За збирот на најразлични тенденции во самата Сириза кои нејзиниот дипломатски курс го прават конфузен сведочи и новинарот Атанас Кировски кој го следеше изборниот процес во Грција.

-Јас лично не очекувам значајна промена. Прво, затоа што за да формира влада Ципрас мораше да коалицира со националистичката партија АНЕЛ на Панос Каменос, чиј услов за поддршка на владата на Ципрас беше останување на црвените линии во однос на таканаречените национални прашања каде што спаѓа и македонското.

Второ, Ципрас е принуден да прави безброј компромиси- како за да ја освои, така и за да остане на власт со различни општествени групи и структури кои ќе му реагираат неповолно ако се обиде да го промени курсот.

Во тој правец е и именувањето на Никос Кодзиас за шеф на дипломатијата – човек кој беше дел од системот и министерството наместо Надиа Валавани која е вистински левичар. Мислам дека Ципрас од старт многу ретерираше и не се однесува како да е левица, вели за НОВА, новинарот Атанас Кировски кој долги години ја следи грчката политичка сцена.

Големи очекувања за промена во дипломатскиот курс на Ципрас во однос на македонското прашање нема ни поранешниот амбасадор на Македонија во Атина, Љупчо Арсовски.

-Секако може да се очекува еден малку пофлексибилен однос на новата опција , но секако ке биде дозирано и само во одредени сфери.Во сферата на надворешната политика очекувам попрактичен и поотворен дипломатски однос со помалку бомбастични изјави, но без спектакуларна промена на ставовите и воопшто, курсот околу отвореното прашање.

Некои негови (на Ципрас) кандидати за пратеници ги спомнаа и ,,црвените линии,, на Самарас , што значи нема да биде лесно да се спомне нешто ново и убаво за нас. Напротив, тоа ќе се компензира со некои средби, комуникација која и доликува на една современа про-лева партија, ни изјави амбасадорот Арсовски.

Мислење побаравме и од првиот шеф на македонската дипломатија, професорот Денко Малевски кој како што вели, без разлика кој ќе ја раководи грчката дипломатија нас не не спасува од соочувањето со самите себе и сопствените проблеми чие решавање според Малевски е единствениот излез од ќор сокакот.

-Во однос на нашето прашање, треба да сме свесни дека ова беа избори во форма на референдум со една тема – револт против сиромаштијат а не референдум за Македонија. Исходот од референдум за втората тема би бил сосема поинаков.

Второ,политичката криза во Македонија, која и самата има водач кој не водел и партија која не успева да ја разбере вредноста на демократскиот ситем на владеење воопшто, па и градењето политичко единство околу можните решенија на тешкиот државен проблем, ги прави политиките на двете земји некомпатибилни за преговори. Наша несреќа е што и кога во Грција би постоеле идеална економска и политичка клима и влада спремност за компромис, ние не би можеле да одговориме на таквата политика.

Имено, македонското „име“ го искомплициравме со македонскиот „антички идентитет“, што не прави некомпатибилни како преговарачи не само со оваа, туку и со било која грчка влада. Дури откога тоа ќе се свати, можно е да почне внатрешен дијалог за формулирање поинаква државна и национална политика. Денес, како и во последниве 24 години, надворешните политики на Македонија и на Грција личат на два брода кои се разминуваат во магла, вели за НОВА професорот Денко Малевски.

Амбасадорот Арсовски во разговорот со нас нагласи дека владата на Сириза ќе биде секако поотворена за подобрување на комуникациите меѓу двете држави што според него е добра шанса да се забрза изградбата на инфраструктурни прокети кои ќе ја подбрат оваа комуникација.

Арсовски во овој контекст има во предвид отварање на нови гранични премини како оној на Маркова нога во Преспа или изградба на железничка пруга која ќе ги поврзе Лерин и Битола.

Инаку, при објавувањето на изборните резултати впечаток направи синилото во делот на географската карта на северна Грција од каде што потекнува или се уште живее македонско население. Сината боја означува дека овој регион впечалтиво гласал за конзервативната Неа Демократија на националистот Самарас чии политики , а особено онаа за македонското прашање, се инспирирани од ултранационалистичките кругови на Грчката православна црква. Од каде е ваквата опредлба на регион во кој живеат Македонци?

Одговор побаравме од амбасадорот Арсовски.

Неа Демократија беше и со години имаше силен одзив во Егејскиот дел на Македонија од причини што овој регион од пред војната и подоцна беше населуван со луге прогонети од просторите каде Грција изгуби (на пример војната со Турција) и ја населуваше секогаш со дел од админстартивниот, полицискиот и воениот апарат.

Дозирано инвестираше во овој регион и цврсто опстојуваше да има што помалку да има комуникација со Северот- своевремено со Југославија (Македонија) и подоцна со РМ. Им влеваше страв на жителите дека опасноста од северот ке ги погоди токму нив и треба да бидат ,, тврдина на слободна Грциај и сл. Но, тоа не траеше долго и отворањето на гранците и визите беше природно и во полза на трговците, земјоделците кон кои НД не престана да работи пропагандно дека државата ке ја штити Северна Грција за секогаш. Тука некаде се и одговорите за гласањето на народот до сега за конзертативните и националистички опции, вели за НОВА, амбасадорот Арсовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.