Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Англија забрани собирање на повеќе од шест лица од различни домаќинства

0
By Нова ТВ on October 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот премиер Борис Џонсон попладнево го објави новиот систем на рестриктивни мерки против Ковид-19, што ќе се темели на класификацијата на ризиците во регионите низ земјата. Новиот систем на мерки, најави премиерот, се воведува со цел да се намали зголемувањето на бројот на заразени лица во одредени делови на Англија и да се поедностават постојните правила.

Британската Влада денеска одлучи да го воведе новиот систем со ограничувачки мерки, по големото зголемување на бројот на заразени лица во одредени делови на Англија, особено на северот. Покрај тоа, неговата цел е да се поедностават постојните регулативи, кои варираат од регион до регион и често се збунувачки. Новиот систем ќе се заснова на три нивоа на регулатива, секое со свои стандардизирани правила, пренесуваат британските медиуми. Првото ниво на регулација се однесува на поголемиот дел од Англија и е всушност проширување на постојните правила во земјата.

Клучните мерки вклучени во ова ниво се забрана за собирање на повеќе од шест лица кои не живеат во исто домаќинство и намалување на работното време на угостителските и забавните објекти. Забрането е работење на вакви објекти од 22 до 5 часот.

Второто ниво на регулатива ќе ги опфати оние делови на Англија каде што веќе се во сила некои локални мерки за карантин. Тие ќе вклучуваат забрана за собирање повеќе од шест лица на отворено, како и забрана за мешање на членови на различни домаќинства во затворени простории.

Оние делови од Англија каде епидемиолошката состојба е најкритична ќе бидат опфатени со третото ниво на регулатива. Во овие делови на земјата ќе се забрани мешање меѓу членови на различни домаќинства на отворено и во приватни дворови, додека пабовите и кафулињата ќе бидат затворени. Покрај тоа, во овие делови на земјата е можно да се воведат дополнителни мерки во договор со локалните власти. Ова може да значи дека и други објекти ќе бидат затворени, како што се спортски сали и казина. Училиштата, универзитетите и продавниците нема да бидат затворени.

Новиот систем на правила се однесува само на Англија, а Шкотска, Велс и Северна Ирска сами  ќе одлучуваат како ќе се борат против пандемијата на коронавирусот, иако и тие се согласија да соработуваат секогаш кога е можно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.