НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Мнозинството Бугари се изјаснија за неутралност во однос на војната во Украина

0
By Sashko on April 1, 2022 РЕГИОН
Фото: euractiv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мнозинството бугарски граѓани сметаат дека земјата мора да ја задржи неутралноста во однос на војната меѓу Русија и Украина, покажуваат податоците од студијата на „Маркет Линкс“, финансирана и спроведена заеднички со бТВ меѓу 1.029 возрасни Бугари во периодот од 22 до 29 март преку директен прашалник – лично интервју и онлајн анкета.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, 67 отсто од Бугарите поддржуваат неутралност во конфликтот, додека 16 отсто сметаат дека Бугарија треба активно да ја поддржува Украина, вклучително и со испорака на оружје.

Социологот Добромир Живков од агенцијата „Маркет Линкс“ за бТВ изјави дека бугарското општество е поделено на три големи сегменти. Едниот сегмент ги опфаѓа они кои сочувствуваат со Путин и продолжуваат да ја оправдуваат руската агресија во Украина. Вториот сегмент, кој е и најголем, балансира меѓу екстремните сегменти на поддржувачи и противници за поактивна акција за време на војната во Украина. Во третиот влегуваат 21 отсто кои сметаат дека Бугарија треба да застане до Русија во овој конфликт во Украина, 36 отсто сметаат дека нивната земја треба да ја следи линијата на НАТО и ЕУ против Русија, додека 43 отсто се на средина.

Во однос на санкциите против Русија, 41 процент сметаат дека тие се фер, но задоцнети, додека 34 отсто сметаат дека се крајно нефер и 25 отсто не можат да судат или да се двоумат.

Во однос на војната во Украина, повеќето Бугари сакаат водечки меѓународен партнер на Бугарија да биде Германија, а потоа САД и Русија.

Од анкетираните, 57 отсто очекуваат да има предвремени избори во Бугарија. „Продолжуваме со промената“ на премиерот Кирил Петков останува прва сила во Бугарија.

„Три четвртини од Бугарите би гласале „за“ нивната земја да остане во ЕУ, а 60 отсто поддржуваат останување во НАТО, што е највисок процент во последните години, вели социологот Живков.

Од анкетираните, 55 отсто ја поддржуваат изјавата дека Бугарија не може да ја гарантира својата национална безбедност надвор од НАТО, додека 25 отсто се со спротивно мислење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.