Хакерите од групата „Анонимуси“ упатија закана до западните компании што продолжуваат со работа во Русија, а дел од нив уверуваат дека веќе се повлекле од земјата, дури и пред предупредувањето.
На интернет беше објавен список со 42 фирми и предупредување дека ако не се повлечат од Русија, компаниите ќе се соочат со кибер напади.
По руската инвазија на Украина, „Анонимуси“ ги мобилизираа доброволците со цел да извршат кибер напади на руски јавни институции, како и медиумски куќи, што се под државна контрола. Во неодамнешните обиди, мета беа Руската централна банка и градежната компанија „Ростпроект“ во Русија.
„Анонимуси“ најавија дека ќе објават 35.000 документи со „тајни договори“, а соопштија и дека ги хакирале мејловите на „Ростпроект“.