Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните нема да можат да пријавуваат сомневања за финансирање на партиите

0
By Соња Петрушевска on January 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните нема да можат во Антикорупциската комисија да пријавуваат сомневања за финансиското работење на партиите, како што беше првично предложено. Според информации на НОВА, овој амандман на ВМРО ДПМНЕ е еден од 20 амандмани на опозицијата што ги прифати власта.

Антикорупциската комисија сега ќе може да почне постапка за испитување на финансирањето на политичката партија, но само по иницијатива на државни институции, здруженија на граѓани кои се занимаваат со владење на правото и политички партии.

За време на изборната кампања, иницијатива за да се испита незаконското финансирање на партиите до Антикорупциската комисија ќе може да поднесат акредитирани набљудувачи од невладините организации или од политичките партии.

Според информации на НОВА, а кои ги потврдија и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ, останува можноста, Антикорупциската комисија да врши увид во банкарските сметки на функционерите, но доколку отвори истрага ќе мора да ја заврши во рок од два месеци. Во предложениот Закон немаше рок до кога антикорупциската комисија може да води постапка за одредено лице. Во ВМРО ДПМНЕ коментираат дека власта лажно ги обвинувала дека се противат на контрола на банкарските сметки, затоа што пред само две недели бил изгласан новиот Закон за ЈУП со кој Управата за јавни приходи доби право да има увид во сите банкарски сметки. Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека препораката од ГРЕКО била да нема поклопување на исти надлежности на повеќе институции.

Бројот на членови не се менува и Антикорупциската комисија ќе има 7 членови. Претседателот и членовите на комисијата ќе се избираат по исти критериуми – треба да имаат 10 годишно искуство во владеење на право и антикорупција и да не биле членови на политичка партија или пратеници.

Познат профилот на идните антикорупционери

И од СДСМ и од ВМРО ДПНМНЕ велат дека се задоволни од законското решение. За Законот ќе  гласаат денеска во 16 часот.

Од двете партии потврдија дека за да се избере новиот состав на Антикорупциската пред одржувањето на претседателските избори ќе се скратат роковите за изборот на новиот состав. Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека на 8 февруари ќе ги распише изборите. До тогаш треба да се избере новиот состав. Огласот за пријавување на кандидати ќе биде објавен веднаш по изгласувањето на Законот и ќе трае од 7 до 10 дена – рок во кој кандидатите ќе можат да ги достават кандидатурите. По ова, ќе следува и јавно испрашување на пријавените кандидати од невладини и граѓански организации.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.