Антикорупциската комисија ќе оформи предмет за новите вработувања во државни и јавни претпријатија по распишувањето на претседателските избори.
„Сите нови вработувања и именувања, но и разрешувања што се објавени во Службен весник ги следиме и за нив ќе оформиме предмет, рече претседателката на Комисијата Билјана Ивановска.
До крајот на неделава поминува и рокот до кога државните институции и претпријатија требаше да ги достават до ДКСК сите информации кои комисијата ги побара за новите вработувања, а за кои има сомневања за непотизам.
Антикорупциската комисија освен за вработувањата на блиски роднини на актуелни функционери најави дека ќе го преиспита вработувањето и на членови на семејства на поранешни функционери од ВМРО ДПМНЕ.
Антикорупциската комисија денеска потпиша меморандум за соработка со Државната изборна комисја и со Државниот завод за ревизија за соработка во пресрет на претседателските избори.