На Ацо Конга, познат музичар и поранешен член на групата “Нокаут”, пред две недели му била ампутирана раката до пределот на лактот, а сега итно му е потребна финансиска помош.
Попладнево, на својот официјален Фејсбук профил, македонскиот пејач Јоцо Панов, инаку близок пријател на Ацо Конга, ја објавил трагичната вест, додавајќи дека за жал, метастазите му се прошириле и на други делови од телото и затоа итно му е потребна терапија која чини 15.000 евра.
По Јоцо Панов, голем број на други музичари, негови колеги и блиски пријатели започнале преку социјалните мрежи да апелираат за помош од сите оние кои што можат финансиски да му помогнат на познатиот музичар.