Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апостолов: Одговорните избегнуваат да дадат изјави

0
By Нова ТВ on December 4, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во колку медиуми досега си работел?

Прво искуство во новинарството ми е Дневник, и тоа бев во една генерација која што сега е незамисливо таква концентрација на новинари. Таму беше уште Банко Героски, Катерина Блажевска беше главен уредник, Сашо Кокаланов работеше таму, имаше сериозна екипа и голема, огромна редакција, незамисливо за денеска. После сум работел во Шпиц, после со уредникот Героски и со уште неколку новинари го направивме неделникот Сега. Тоа функционираше година, година и пол. Кратко време, еден интервал и во Време имам работено, некои месец дена, после во Фокус каде што се задржав некои четири, пет години, па во порталот НоваТВ и сега сум веќе две и пол години во БИРН. Во главно се пишани медиуми, односно пишувам текстови, не изработувам видео прилози, тоа никогаш не било моја специјалност. Секогаш е текст, а зависи каде го пласирам, дали во весник, дали во портал.

Поради која причина би го напуштил медиумот во кој работиш?

Освен онаа економската причина, веројатно тоа е една од причините, ако не добиеш плата или ако имаш мала плата, или ако добиеш некоја друга понуда. Веројатно проблем би било ако од мене се бара да пишувам текстови за кои јас не сум уверен дека се од јавен интерес, туку дека штитат нечиј бизнис, политички интереси, ако некој ми го наложи тоа, тогаш дефинитивно би си заминал. Или доколку мислам дека медиумот во кој што работам работи непрофесионално, со тоа што се намалуваат и моите стандарди на работа. Во главно поради тоа, не гледам некоја друга причина освен тие две, економската и да бидам изложен да работам непрофесионално.

Дали во некој момент си се соочил со некој проблем во новинарството поради кој си помислил да се откажеш од професијата?

Не би рекол со проблем, туку сум помислил да се откажам од професијата. Тоа е само помисла, не дека нешто сум размислувал. Ама тоа е обично во моментите кога не го гледаш резултатот од тоа што го работиш. Често, на пример ќе направиш истражувачка сторија, ќе отвориш прашање од сериозен јавен интерес и тоа не добива доволен публицитет или погрешно луѓето го разбираат. Си вложил многу труд, а не си допрел до публиката која што треба да изреагира за да се сменат нештата и тука сум размислувал дека нема поента тоа што го работиме. Не ми текнува некоја друга причина, немало некои силни притисоци поради кои јас сум се исплашил, па да речам поради безбедноста нема веќе ова да го работам. Испаѓа дека чувството дека работиш за џабе, освен платата што ја добиваш, нема никаква корист од тоа што го работиш и тоа било причината да се почувствувам така.

Кој беше најголемиот предизик со кој си се соочил истражувајќи некоја тема?

Било отсекогаш проблем да се дојде до официјални документи и да се дојде до официјална изјава, тоа често пати, … Ќе ја завршиш работата, ќе вложиш максисмум труд, ќе ги побараш луѓето што се одговорни за некаков проблем и тие те дискредитираат со тоа што не ти обрнуваат внимание, те множат со нула со тоа што не ти даваат внимание. Твојот текст така губи на важност и тоа е секогаш проблем. Се соочуваш со ризикот да влезеш во шпекулации, кога немаш доволно информации, отвараш некакви прашања, тоа е лизгав терен, се трудам тоа да го избегнувам. Тоа е сериозен проблем, влегуваш во шпекулации, утредента дури можеш да добиеш тужба затоа што си поставил сугестивно прашање на кое што никогаш нема да добиеш одговор. Да ти се изнасмеат по социјалниве мрежи за нешто што си го згрешил. Ние како новинари работиме се и сешто и не можеш да знаеш секогаш се за секоја тема, а уште пострашно немаш секогаш време доволно да ја истражиш и кога не можеш да ја добиеш втората страна и кога таа намерно те игнорира соочен си со тоа да направиш лапсус што може да те чини на кредибилитет како новинар и тоа било фрустрација.

Дали некогаш си бил тужен за напишан текст?

Двапати и двапати е тоа за пренесена изјава. Е сега, не е ни тоа некоја одбрана, не можеш да пренесеш било каква изјава, сепак, јасно ми е тоа. Ама и во двата случаи биле тоа функционери и во двата случаи се поврзува со нивната работа, се поврзува со нивната моќ и не сум успеал ни пред да го објавам текстот, ни од после на суд кога ме тужеле да дојдат да ја објаснат вистината. Јас сум напишал една верзија од приказната. Нема зошто да кријам, Љубисав Иванов Ѕинго ме има тужено и Сашо Мијалков, поранешниот шеф на тајната полиција. И двете приказни се за луѓе кои што сметаат дека овие двајца некако им наштетиле преку нивната моќ и двата процеси завршија некако и во двата процеси ние не ја дознавме нивната страна од приказната. Тие само пред судот се жалеа, не е вака како што е напишано и со тоа ми е нарушен угледот. Ние како јавност и јас како новинар не ја дознавме целата приказна. Ако не е така, како е?

При истражување на која тема си се соочил со најголем проблем на нетранспарентност на институциите?

Сега е актуелно, Дрисла на пример. Со колеги ја работевме заедно таа приказна. Не можевме да добиеме. Приказната е, ветува странски инвеститор ќе вложи не знам колку пари, за возврат ќе добие 80 проценти од профитот на тоа јавно претпријатие. Ние не можевме, ни до ден денеска еве не сме добиле информација колку тие вложиле, колку земале од профитот. Такви беа случаевите со информацијата за колку пари се дадени за владини реклами. Дури имаше некои смешни оправдувања, Министерството за финансии на некои мои колеги им даде објаснување дека тоа е државна тајна, во смисла дека би имало некаква штета доколку се објават тие податоци. Прават тест на штетност, дали е поголема штетноста да се објави или да не се објави информацијата и тие пресметале, не знам како и не знам по која логика дека парите кои Владата ги дава за реклами треба да останат тајна. Некои такви небулозни одговори. Тоа се случуваше кога во БИРН ја правевме базата за Скопје 2014, тоа се случуваше, ги баравме договорите помеѓу институциите што градеа и фирмите, не ги добивме сите, истото се случуваше и со базата за странски инвестиции, каде буквално институциите, тие три-четири, кои што се одговорни за привлекување странски инвестиции, не сакаа да  комуницираат со нас и последново она дури и на ниво на десет-петнаесет проценти од градоначалниците ни одговорија кога ја правевме последната база за она што е сработено во општините. Буквално како некоја болест е тоа, имаат одбивност, не ја сфаќаат суштината на транспарентноста и зошто некој треба да биде транспарентен. Јас лично се слушнав со повеќе од десет градоначалници со кои разменивме мејлови, ми ветија одговори, не сум ги добил до ден денес за базата за она што е сработено на локално ниво. Сега има најави и ветувања дека тоа ќе се менува, колку ќе биде и кога ќе биде ќе видиме.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.