Аргир во Љубљана, Блажевска, Илиевски и Мартиновски во Управниот одбор, a Мукаетов, Јосифовски, Костов, Гечев и Анѓушев во Клубот 100
Секогаш сум тврдел дека зградите се ништо без личностите. И секогаш сум тврдел дека институциите ги чинат луѓето, а не објектите. На крајот на оваа 2021 година, сакам да истакнам десетина личности, кои, се надевам, ќе остават значаен белег во 2022 година.
По шестгодишното успешно управување со НЛБ Банка АД Скопје, м-р Антонио Аргир, нашиот потпретседател преминува со работа во Љубљана, како извршен помошник на Управниот одбор на НЛБ Д.Д., одговорен за управубање со НЛБ Групацијата. Неговата улога на новата позиција е да се подобри соработката меѓу членките во Групацијата и да го поддржи понатамошниот раст и развој во регионот. Ова е за прв пат еден кредитен референт да се искачи на едно од највисоките менаџерски позиции што е големо признание и за него и за НЛБ Банката во Скопје.
Ова е прв пат во историјата на НЛБ Групацијата колега од една од банките членки да го трасира својот пат од кредитен референт до една од највисоките менаџерски позиции во групацијата, што не е само признание за високо професионалната работа на Антонио Аргир, туку и за успехот на НЛБ Банка Скопје. Но, за нас позначајно е што неговата нова позиција се поклопува со нашите регионални активности, преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ), коишто територијално се истоветни со земјите на Западен Балкан, што гарантира заедничка соработка во наредниот период. Нека му е со среќа новата позиција којашто овој скромен човек во својата четириесет и шеста година од животот го носи на врвот од банкарскиот сектор во регионот. Така, СКСМ ќе има уште еден свој човек на врвна позиција во регионот.
Денес, исто така, сакам да им посакам добредојде на тројца личности во врвот на Управниот одбор на СКСМ. Станува збор за д-р Анита Блажевска, м-р Борче Илиевски и м-р Зоран Мартиновски. Тие од минатата недела преземаат значајни позиции, но и одговорности во три сегменти од нашето работење, кои досега не беа покриени.
Зоран ќе биде задолжен за поддршка на компаниите во релациите со меѓународните финансиски институции и регионалните проекти. Со искуство од 25 години, меѓу кои и позицијата шеф на канцеларија на ИФЦ за Северна Македонија и Црна Гора, изгради реноме на човек кој помогна на многу компании, учествувајќи во проекти вредни преку 300 милиони долари, и со тоа сметам дека може да одговори на оваа позиција. Стипендист на Рон Браун и алумнист на училиштето Кенеди при Харвард, и дополнителни обуки за извршно раководење во САД, Канада, Јапонија и Италија, како и технички и лидерски обуки во рамки на ИФЦ, можат да бидат само од корист за нашето работење. Сакам да им посакам успех во извршувањето на нивните должности и стекнатите искуства на меѓународните универзитети и корпорации на едноставен начин да ги пренесат и во нашето работење кое е усмерено во еден правец – да им се помогне на нашите членки во секојдневното работење.
Клубот 100 – најрепрезентативниот претставник на приватниот сектор во нашата држава, ја има водечката улога во менаџирањето на Комората. Тие ја имаат улогата на преговарачки тим, како во домашните, така и во меѓународните релации и со своето портфолио претставуваат тим за почит. Компаниите на членовите на Клубот 100 заедно остваруваат годишен обрт од над една милијарда евра, имаат над 5300 вработени и прават годишен профит од преку 100 милиони евра и со години наназад се во листата на најуспешните компании кај нас. Клубот 100 е формиран на 8.6.2021 година и го носи обележјето на стоте години од СКСМ. М-р Живко Мукаетов, Андреја Јосифовски,Хари Костов, Илија Гечеви проф. д-р Кочо Анѓушев се негови први членови и можам да кажам дека со неговото конституирање ја презедоа лидерската позиција во Комората во еден исклучително значаен момент, исполнет со тешки предизвици, предизвикани од енергетската, здравствената и економската криза во која се наоѓаме. Нивната лојалност кон Комората е пример и за сегашните и за идните генерации, како треба да се однесуваат како општествено одговорни и носечки субјекти на економскиот развој. Со ова сакам да им оддадам јавно признание за нивниот придонес во спроведување на концептот Комора на иднината.