Пресврт во случајот на гинекологот од Велес кој одлежа една година затвор, откако беше прогласен за виновен за смртта на родилката Бојанка Игнова која почина од искрварување по порудување во 2003-та година.
Експертизата која била направена во Словенија на барање на Лекарската комора, покажала дека гинекологот Панче Арсов постапил според протоколите. За смртта на родилката бил виновен здравствениот систем бидејќи во критичните моменти немало анестезиолог, ниту лекови за хемостаза. Зошто во 21 век во Македонија родилки умираат по породување?
Повеќе за ова погледнете од разговорот во видеото.