Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска: Нови училишни згради, библиотека и дигитализација на училиштата за образование

0
By Ivana on October 26, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унапредување на условите на образовните институции кои ќе бидат безбедни за сите деца, родители и вработени како приоритет во работењето на секоја градска и локална самоуправа. Условите за работа во училиштата ќе овозможуваат квалитетен образовен, воспитен и социјален процес за нашите деца. Образовните институции во Скопје ќе бидат и места за поддршка на различностите, соработката и соживотот, најави на денешната прес конференција кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.  

Како иден градоначалник на град Скопје, Арсовска најави изградба на модерна образовна инфраструктура и современи услови за учење. Модернизацијата на сите училишта ќе биде согласно ЕУ стандардите, со цел подобрување на условите за учење и креирање образование во Скопје за 21-виот век!

– Општина Аеродром конечно ќе ја добие долго ветуваната нова гимназија во оваа општина. Ова училиште ќе овозможи доволно капацитети во пресрет на големата заинтересираност и потреба токму во овој дел на Скопје. Нашата цел е да ја подобриме пристапноста на учениците од сите делови на градот до квалитетни училишта и да ги унапредиме условите во кои учат учениците, а
со тоа и квалитетот на воспитно-образовниот процес. Предвидено е и изградба на нов објект за средното училиште Браќа Миладиновци, како и за средното училиште Лазар Танев. Со изградбата ќе се обезбеди современа квалитетна настава и услови за квалитетно стручно образование, најави Арсовска.

Програмата на Арсовска за Образование за 21 век вклучува и нова градска библиотека лоцирана во општина Аеродром, опремена со најмодерна техничко-технолошка опрема, а дополнително градот ќе работи и на модернизација и реконструкција на постоечката градска библиотека „Браќа
Миладиновци“.  Според оваа програма планирано е создавање еднакви можности за сите и инвестиции и во наставниот кадар.

– Ќе обезбедиме еднакви можности за образование за сите, но и силни инвестиции во наставниот кадар. Новата градска власт ќе преземе активности за финансиска поддршка на надарените и талентирани ученици. Ќе го финансираме настапот на научни и спортски олимпијади на средношколците и младите од градот Скопје. Градот ќе овозможи финансиска поддршка на
средношколците во социјален ризик во вид на стипендија која ќе им помогне да го продолжат својот образовен процес. Поддршка ќе следи и за средношколците со попречености, истакна Арсовска.

Изградба на мултифункционални игралишта во сите средни училишта и опрема и реквизити за деца со попречености, процес кој ќе го менаџираат стручни кадри во училишните спортски сали како би биле подостапни и за децата со попречености.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.