НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

0
By Blerina Tahiri on July 16, 2025 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој Владата го усвои вчера, и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на засегнатите страни и без јавна расправа, претставува повторување на катастрофалниот пристап кој го имаше и претходната влада, соопштуваат од АСОМ.

Оттаму велат дека „за жал, владејачката коалиција предизборно калкулира и за евтини политички поени во своите математики ја вклучи и индустријата за игри на среќа, која е најрегулираната гранка во државата“.

Нагласуваат дека со овој предлог-закон се загрозуваат над 10.000 директни работни места и повеќе од 50.000 индиректни во индустрии поврзани со игрите на среќа, а државниот буџет ќе изгуби повеќе од 280 милиони евра годишно. Ова ќе значи уништување на целата легална индустрија заради краткорочни политички поени пред избори, реагираат од АСОМ.

„Овој закон не само што нема да ги заштити граѓаните од евентуални штетни последици од игрите на среќа, туку целосно ќе ги стави во ризик. Со затворање на легалната индустрија, преку ноќ ќе се отворат стотици нелегални казина и обложувалници, како што тоа беше во деведесеттите. Овој закон целосно ја дерегулира една од најрегулираните индустрии во државата, ги става играчите во ризик и ја враќа државата години наназад.

Прво, овој предлог-закон предвидува оддалечување од 500 метри на објектите за игри на среќа од училиштата, исто како и претходниот закон. Ова во пракса значи затворање на објектите и ништо друго. Понатаму, факт е дека никаде во светот ваков закон не постои, ниту има докази дека тоа ќе значи некаква заштита за малолетниците. Индустријата е целосно регулирана и тие не смеат да играат и не играат во објектите.

Со законот се предвидуваат давачки кои се целосно нерационални и спротивни на пазарната логика и кои исто така не постојат на ниту еден регулиран пазар во Европа и светот. Ако власта се надева дека на овој начин ќе успее да го наполни буџетот — многу се лаже. Законот ќе предизвика затворање на објектите, а приходот на државата драматично ќе се намали или целосно ќе се изгуби“, истакнуваат од АСОМ.

АСОМ остро се спротивставува на предложената законска измена со која се монополизира приредувањето на интернет игри на среќа и со која исклучиво право за нивно приредување ѝ се доделува на државата.

„Државата јасно и недвосмислено воспоставува монопол врз приредувањето на интернет игрите на среќа, целосно исклучувајќи ги лиценцираните приредувачи, кои нема да можат да добијат право да приредуваат посебни игри на среќа преку интернет.

Покрај крајно монополистичките тенденции на Владата, оваа одредба е спротивна на наводните заложби дека интернет обложувањето ќе биде целосно спречено. Тоа не се спречува, туку сега ќе си го контролира само Владата и нивните претставници, на сметка на приватниот сектор.

Принудната дислокација на нашите објекти, забраната за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, неоснованото зголемување на давачките и надоместоците, како и одредбите што директно навлегуваат во правната сигурност на веќе издадени лиценци ќе значат практично затворање на легалната индустрија.

Преку ноќ 10.000 луѓе ќе останат без работа, а дополнителни 50.000 работни места ќе бидат во ризик. Затворањето на легалната индустрија ќе значи и силен удар врз пазарот на недвижности, каде повеќе од 800 објекти ќе останат празни, а сега се под закуп.

И сè ова ќе се случи, а граѓаните нема да бидат заштитени, напротив, ќе бидат во ризик да играат во диви казина и обложувалници, ќе порасне значително криминалот, а безбедноста на играчите ќе биде загрозена.

Ја информираме јавноста дека АСОМ со сите расположливи капацитети и ресурси ќе се бори против штетниот закон кој ги става граѓаните во ризик и уништува легална индустрија на сметка на нелегалната. Не исклучуваме и масовни протести ако Владата не покаже слух и не го повлече законот за заеднички да седнеме на маса и донесеме функционален и европски закон, нешто што АСОМ со години го бара.

За крај прашуваме јавно:

Дали целта е да се отвори пат за нелегалниот бизнис од кој страдаше државата во минатото?

Дали целта е да се монополизира индустријата од страна на поединци во Владата на сметка на приватниот сектор, со што ќе страдаат илјадници вработени?

Дали Владата знае и е свесна дека законот во оваа форма нема да ги заштити граѓаните, туку ги става во ризик?

За крај, прашањето е кој има интерес од ваквиот закон, кој еднаш беше отфрлен како штетен и погубен, и зошто се повторуваат рестриктивните практики кои никаде во светот не се покажале како успешни“, се наведува во соопштението од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.