Дарко Атанасовски, советник, Општина Центар за НОВА го опишува синоќешното притворање на Паркобраните, на кои припаѓа и тој.
-Ноќеска не приведоа без да ни објаснат кои се причините и после неколку часа притвор во полиција, објаснувањето беше дека сме го реметеле јавниот ред и мир, вели Атанасовски.
Целата акција се одвиваше како во филм- се работеше за 200 полицајци, кои не внесоа во комбиња до полициската станица Кисела вода, каде бевме држени со часови, додава советникот.
Следи целиот разговор на Биљана Секуловска со Дарко Атанасовки.