Author: Ана Василевска

Неделата, на 22 октомври, на 16-от ден од војната на Израел против Хамас, ја одбележа „најкрвавата ноќ во Газа“, според палестинската новинска агенција Вафа (Wafa) објави дека во израелските напади во претходните 24 часа биле убиени 400 луѓе. Најмалку 25 израелски воздушни напади се регистрирани врз станбени области. Дури шеесет и пет отсто од жртвите во текот на ноќта се деца, според болницата Ал Акса во Газа. Џабалиа, Газа, по израелските воздушни напади (скриншот од видео) Израелската армија тврди дека нападнала повеќе од 320 воени цели во Појасот Газа во текот на ноќта. Најмалку 29 лица се убиени во нападите на…

Read More

Терористичкиот напад на 24 септември во Бањска во Звечан бил организиран од Новосадскиот клан, а на чело на овој клан е министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, изјави албанскиот премиер Албин Курти. Европратеникот Тонино Пицула во интервју за српскиот весник „Нова“ нагласи дека доколку Милан Радоичиќ не биде екстрадиран во Приштина, тоа ќе ги искомплицира и онака тешките односи меѓу Србија и Косово, и дека можните реакции на меѓународната заедница може да резултираат со уште построги политички и дипломатски дејствија кон Србија. Ова е само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното…

Read More

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Основањето на МРО не е основање на ВМРО, а уште помалку основање на ВМРО-ДПМНЕ и секое преземање на 23 октомври 1893 година како ден на основање на ВМРО е погрешно, извртување на историските факти и создава погрешна реалност на која се изградени и многу митови. Еден од најштетните е оној дека ВМРО-ДПМНЕ има ексклузивно право на македонската револуционерна борба, што е апсолутно неточно и архаично, како што е архаично една партија во Европа денес да се нарекува – револуционерна. Со таа митологија треба да се престане, а ако не се престане, секогаш ќе има такви кои ќе потсетуваат…

Read More

Изминативе 48 часа, како резултат на руската агресија врз Украина, според извештаите од Укринформ, загинати и повредени се цивили во повеќе украински региони. Руските агресори уништија фабрика, гранатираа термоцентрала а оштетени се и образовни институции. Термоцентрала на ДТЕК Груп беше оштетена во руско гранатирање вечерта на 22 октомври. „Вчера вечерта, 22 октомври, една од термоцентралите на ДТЕК беше оштетена во гранатирање. За среќа, нема жртви“, објавија од термоцентралата ДТЕК на Фејсбук. Забележано е дека опремата на фабриката е оштетена. Како што е соопштено, на 20 октомври, енергетските компании го вратија снабдувањето со електрична енергија на речиси 13.000 потрошувачи, повеќето од нив во…

Read More

„Имавме одлични заеднички иницијативи, и се уште течат соработките на тема туризам, таканаречените кружни тури од кои што, особено македонскиот туризам имаше бенефит. Ние имаме вртоглав раст во развојот на туризмот. И во областа на културата веќе има конкретни соработки меѓу уметници од Северна Македонија, Србија и од Албанија“, вели координаторот на Отворен Балкан, Марјан Забрчанец за Институтот за комуникациски студии. Тој ги спомена и зелените ленти на границите на Ќафасан и на Табановце за транспортните возила од кои огромен бенефит имаат компаниите кои увезуваат и извезуваат особено во делот на исхраната, но и сите вработени и сите семејства на…

Read More

Повеќе од 1.646 деца во Украина настрадаа од целосната вооружена агресија на Руската Федерација. Од утрото на 23 октомври 2023 година, според официјалните информации обезбедени од обвинителите за малолетници, загинале 508 деца, а повеќе од 1.138 се здобиле со повреди од различен степен на сериозност“, објави Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина на Telegram, пренесе Укринформ. Се забележува дека овие бројки не се конечни, бидејќи се работи во областите на активни воени дејствија, на привремено окупираните и ослободените територии. Најмногу деца беа погодени во регионот Донецк – 492, регионот Харков – 304, регионот Херсон – 130, регионот Кијив – 129, регионот…

Read More

Лидерот на грчката партија за заштита на човековите права, ПБДНЈ и пратеник во албанскиот Парламент, Вангел Дуле, во изјава за медиумите изрази резервираност за пописните резултати, пред сè за веродостојноста на податоците за националните малцинства. Дуле нагласи дека за пописот немало ангажирани попишувачи од малцинствата, што условило етничката припадност да ја пишуваат како што тие сакаат или воопшто да не ја наведуваат, додавајќи дека „сериозните прекршувања водат до неуспех на овој процес“. Пописот на населението во Албанија почна на 18 септември и предвидено е да заврши на 30 овој месец. Пописниот формулар содржи 100 прашања, при што за три од…

Read More

Климатските промени, зголемените трошоци за здравствена заштита и имиграцијата беа меѓу најважните теми за гласачите на изборите во Швајцарија што се одржаа синоќа.  Десничарската популистичка партија СВП ја зацврсти својата позиција како водечка политичка партија во Швајцарија, освојувајќи речиси 29 отсто од гласовите на сојузните избори во неделата. Според последните прогнози што ги објави Швајцарската радиодифузна корпорација, СВП дојде пред социјалистите, втората по големина партија во Долниот дом на парламентот, кои ќе добијат нешто повеќе од 17 отсто од гласовите. Во меѓувреме, партијата на Зелените се чини дека ќе биде најголемиот губитник на изборите, со пад од четири процентни поени…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Зборот не може да биде уапсен. Вистината не може да се скрие. Слободата нема цена. Ова е моја објава на социјалните мрежи пред десет години, на 23 октомври, денот кој од 2007 година се слави како национален празник во земјава (датум на основање на ВМРО во Солун, 1893 година), а го воведе злогласниот режим на Груевски. Сега, кога разноразни политички кускулиња[i] отворено мавтаат со црни тефтери пред камерите на телевизии со национална концесија, без да бидат предизвикани од новинарската фела, сметам дека е погоден момент да се повтори оваа порака. Оваа порака треба постојано да се повторува, секој ден. Кога луѓето ќе разберат дека…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на највлијателните западни сили ја повторија својата поддршка за Израел во војната со Хамас, а во исто време повикаа на почитување на меѓународното хуманитарно право, соопшти Белата куќа. Бајден вчера разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, британскиот премиер Риши Сунак, канадскиот премиер Џастин Трудо и италијанската премиерка Џорџа Мелони. „Лидерите ја повторија својата поддршка за Израел и неговото право да се брани од тероризмот и повикаа на почитување на меѓународното хуманитарно право, особено на заштита на цивилите“, соопшти Белата куќа. Како што е наведено, лидерите разговарале за судбината на нивните…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Ковачевски порачува дека „континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава“. -На денешниот Ден на македонската револуционерна борба гордо ги спомнуваме македонските револуционери и нивниот стремеж, истрајност и исклучителна храброст во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност. Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна…

Read More

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска во Ерусалим изјави дека армијата „не планира да го контролира животот во Појасот Газа“ откако Израел ќе ја уништи палестинската екстремистичка организација Хамас. Таа изјава на Галант, пред членовите на израелскиот парламент на Кнесет, е прва дадена од израелски лидер за долгорочните планови за Газа. Галант изрази очекување дека израелската војна против Хамас, кој владее со Појасот Газа, ќе помине низ три фази. – Првата фаза го вклучува нападот на Хамас во Газа од воздушни и копнени маневри, втората ќе биде победа над „џебовите на отпорот“ и третата ќе биде прекин на „одговорноста…

Read More