Author: Ана Василевска

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека сите министерски места се клучни во Владата, и нема позначајно и по незаначајно министерство,  одговарајќи на прашањето дека партијата ДУИ на претходните избори имала 15 пратенички мандати, а во Владата држат клучни ресори, како што се финансии, надворешни работи, имаат прв вицепремиер, с 100 дена ќе имаат и премиер пред Парламаентарните избори, наспроти СДСМ кои имаат 46 пратенички мандати. Ковачевски смета дека земјава има изградено систем на парламентарна демократија и општество на соживот каде секој граѓанин согласно со неговите професионални квалитети и квалификации може да ја гради својата лична и професионална кариера. – Значи, јас…

Read More

Дебитанскиот игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“, вечерва во 20 часот ќе ја има и скопската премиера во киното „Синеплекс“. Филмот, ќе се прикажува и во „Милениум“, како и во други кина низ Македонија, како што се „Киноверзум“ во Штип и Велес.  Покрај бајковиот свет кој е прикажан во македонскиот филм „Лена и Владимир“ , претставени се и горливи проблеми од  општествено милје како нефункционални домови за сираци, корумпирани службеници, директори митаџии…Главниот женски лик Лена, кој го игра младата и амбициозна Сара Климоска, е дете…

Read More

Починатата иранска активистка за правата на жените Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран се добитници на Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ за 2023 година, што ја доделува Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти претседателката на Европарламентот Роберта Мецола на денешното објавување на лауреатите, 16 септември 2022 година ќе остане запаметен по бруталното убиство на 22-годишна Џина Махса Амини, што претставуваше поттик за движењето на правата жените во Иран, кое испиша историја. – Светот ги слушна повиците „жена, живот и слобода“, три збора кои станаа поттик за сите оние кои се…

Read More

Министерството за здравство во Газа соопшти дека од почетокот на војната во Газа загинале 3.478 луѓе, а повеќе од 12.000 се ранети. Најголем дел од нив се жени, деца и стари лица. Повеќе од 1.400 луѓе во Израел загинаа, главно цивили убиени за време на смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври. Израелските сили убија три лица, меѓу кои двајца тинејџери, рано утринава на Западниот Брег, јави официјалната палестинска новинска агенција Вафа. Во бегалски камп јужно од Витлеем било застрелано во глава14-годишно момче, а 16-годишно момче починало откако било застрелано во градот Тулкарем. Вооружените израелски сили го нападнале и селото…

Read More

Владата, граѓанскиот сектор и образовните институции треба да ги едуцираат граѓаните, особено младите како да ги користат дигиталните алатки и вештачката интелегенција, но истовремено и како да си ги заштитат личните податоци и приватноста. Ова е еден од клучните заклучоци на денешната конференција за „Заштита на приватноста во дигитална ера: во потрага по заеднички решенија” што се одржува во организација на Фондацијата Метаморфозис и Конект, со поддршка на ЕУ. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу истакна дека граѓаните треба да работат на свој дигитален профил кој станува многу битен, понекогаш и најбитен за да се добие некоја услуга…

Read More

Филмот „Чуварите на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ ја доби наградата за најдобар филм на Киненова за исклучителната и длабоко човечка приказна. Наградата му беше врачена на Бјелогрлиќ синоќа за време на свеченото затворање на осмото издание на фестивалот. За наградите одлучуваше жири во состав на Лех Мајевски, режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален уметник од Полска, Дебора Ван Дам, сценаристка и режисерка од Холандија и Дејан Дуковски, драмски писател од Македонија Во главната селекција беа прикажани осум филмови за кои жирито одлучуваше за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобар филм. -Прво морам да кажам дека дојдов овде за да ви го покажам…

Read More

За жал, обременетоста со историјата на конфликти и сите надворешни и внатрешни фактори кои на овој или на оној начин профитираат од тој наратив и ден денеска се сопирачка која ги отежнува позитивните процеси кон кои сме насочени и посветени. Директно тоа влијае на динамиката на нашето пристапување во ЕУ иако самата Унија е основана за да стави крај на историските раздори на европско тло во име на иднината и подобра перспектива за сите граѓани на европско тло, истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамките на…

Read More

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок замина од Берлин на нова рунда кризни разговори во Јордан, Израел и Либан во услови на тековната војна во Газа, јави ДПА. Пред да замине за Јордан, Бербок го увери Израел за „нераскинливата солидарност на германската влада“. „Борбата е со Хамас, а не со палестинското цивилно население“, кое исто така енормно страда, рече Бербок. Таа истакна дека сакала да го искористи патувањето за да изврши притисок за ослободување на заложниците кои ги држи исламистичката милитантна група Хамас, која е класифицирана како терористичка организација од Израел, САД и Европската Унија. Германски државјани се меѓу…

Read More

Европскиот парламент подготви Предлог-резолуција за односите меѓу Косово и Србија, како и за терористичкиот напад во селото Бањска, што се очекува да биде претставена на денешната седница, на 19 октомври. Косовскиот премиер Албин Курти побара дополнителните сили на КФОР, кои се испратени на Косово, „да се концентрираат на одржување на границата меѓу Косово и Србија“, пишуваат косовските медиуми. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС. КОСОВО Сури: ЕП денеска ја презентира Проект-Резолуцијата за односите Косово-Србија Европскиот парламент подготви Предлог-резолуција за односите меѓу Косово и Србија, како…

Read More

Ќе ви кажам сосема искрено, многу сум загрижен за изгледите за вооружена копнена инвазија на Газа. Многу се плашам дека оние кои можеби го поттикнаа или стојат зад овој терористички напад во Израел, се стремат токму кон тоа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата Антена, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис додаде дека многу е важно, „и тоа го вели земја која е сојузник на Израел, но во исто време и многу искрен соговорник со сите важни играчи во нашето пошироко соседство, во овој момент да преовладува и логиката и воздржаноста“, додавајќи дека „одмаздата не им…

Read More

АНА ВАСИЛЕВСКА Битката нема да биде лесна, и разнишаната држава, подјадена од режимската корупција и добро хранетиот и негуван национализам со голем напор ќе застане повторно на вистинските нозе. Судејќи според историјата пак, Полјаците кога станува збор за подобра иднина и слобода, знаат добро и брзо да се обединат. По изборното цунами со излезност од 74,4 проценти на граѓаните на Полска, во срцето на Европа струи свеж воздух на кој најмногу се радуваат желните за независност во судството, за слобода во медиумите, малцинствата, жените за правото да одлучуваат за своето тело, активистите за животна средина, ЛГБТ+ заедницата која се надева…

Read More

Руските пропагандисти измислија видео во стилот на BBC за непостоечкото истражување Bellingcat со кое шират дезинформации дека Украина префрла оружје на НАТО на Хамас. Руските Телеграм канали и масовните медиуми го споделија видеото кое наводно го објави Би-Би-Си во кое се вели дека истражувачките новинари на Bellingcat наводно утврдиле дека оружјето што го користеле терористите на Хамас било пренесено од Украина, а Украина го добила од НАТО. Видеото е лажно, пропагандистите при креирањето го користеле форматот на BBC и логото Bellingcat. Нема информации за вакво „истражување“ на официјалните ресурси на BBC и Bellingcat. Во коментар за Укринформ, основачот на Bellingcat Елиот Хигинс нагласи дека видеото…

Read More