Author: Ана Василевска

Версајската палата е повторно евакуирана „од безбедносни причини“ и ќе биде затворена за посетители цел ден. Како што јавија француските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата, палатата е евакуирана поради дојава за поставена бомба. „Почитувани посетители, од безбедносни причини, Версајскиот дворец денеска ги евакуираше посетителите и ги затвора вратите за денешниот ден“, објави Версајската палата на својот налог на мрежата „Икс“. Версајската палата беше евакирана и во саботата исто така поради дојава за поставена бомба. Франција од петокот вечерта го подигна нивото на безбедност на највисок степен, по убиството на наставникот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од…

Read More

На панелот на ЦИВИЛ „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, политиколог Никола Наумоски, истакна дека зелената агенда може да ја сфатиме како уште една европска фраза која треба да покрие некаков процес во наредните неколку години.  Но зелената агенда е многу повеќе од тоа, тоа е прашање кое Македонија треба да си го одговара без разлика дали сме кандидат за  член во ЕУ,  дури и ЕУ да не е во близина, дури и да се наоѓаме на друг континент. Зелените прашања се од егзистенцијално значење за секоја земја, за секој град. Прашањата за зелените процеси, прочистувања, инфраструктура,…

Read More

Единаесет светски етаблирани состави од САД, Европа, Бразил и Северна Македонија ќе  ја претстават својата музика во Националната опера и балет и во МКЦ во рамки на 42. издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе се одржи од 19 до 22 октомври. Годинава публиката ќе може да ги следи концертни настани во согластност со мотото на Гард Нилсен Суперсоник Оркестра: „Ако слушаш внимателно, музиката ќе биде твоја!“. – Програмата, распоредена во четири вечери, е исклучително силна, разновидна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес, соопштија од Фестивалот. Фестивалот годинава…

Read More

Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување. Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата. Трошоците за водењето на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на државата. Судијата Илија Трпков, на денешното рочиште за случајот со нелегалното прислушување од јуни 2017 година, во Основниот кривичен суд Скопје, рече дека…

Read More

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија се воздржа од руската резолуција на состанокот на Советот за безбедност, поради несоодветно опфаќање на критичните прашања меѓу кои и осудата на терористичките напади од Хамас. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вети дека до 2027 година ќе бидат вложени 600 милиони евра за нови проекти во Албанија, пишуваат албанските медиуми. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиумји во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА Панорама – Албанија воздржана по  руската резолуција на состанокот на Советот за безбедност на ОН: Критичните прашања не беа…

Read More

„Во државата имаше систем со кој не се знаеше какви лекови се даваат во државата, најмногу за пациентите со малигни болести и за дијабетичарите пред да ја преземам функцијата министер. Но законот го променивме и оттогаш лековите се со европски критериуми“, рече поранешниот министер за здравство Венко Филипче на денешната седница на Анкетната комисија за Клиниката за онкологија. Тој вели дека паралелниот увоз на лекови овозможувал лековите што влегуваат во државата да бидат без сертификат за квалитет, но тоа го промел во 2018 година. За прв пат била обезбедена биолошката терапија која дотогаш била недостапна и станала достапна за…

Read More

Забавниот гигант во кој оттогаш прерасна имаше вредност од 203,63 милијарди долари во 2022 година (191,6 милиони евра). Тематските паркови на Дизни се отворени на четири дополнителни локации: Париз, Токио, Хонг Конг и Шангај. Компанијата Волт Дизни слави 100-годишнина. Иако Волт Дизни првично беше карикатурист, неговата деловна визија е таа што го дефинираше неговото трајно – и често магично – наследство. Филмовите на Дизни беа икона во популарната култура во изминатиот век, со милиони – ако не и милијарди – луѓе гледале барем еден од светски познатите анимирани филмови на компанијата. Авантурата започна во Холивуд на 16 октомври 1923 година,…

Read More

Универзитетскиот професор Вело Марковски ја најави првата претседателска кандидатура за претстојните претседателски избори, што треба да се одржат напролет. Намерата за поднесување на кандидатура, Марковски официјално ќе ја објави в четврток, на 19 октомври. За да влезе во трката за избор на претседател на државата, тој ќе треба да собере 10.000 потписи или да биде поддржан од најмалку 30 пратеници. Поголемите партии сè уште немаат објавено кој ќе биде нивниот кандидат за шеф на државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека досега се искристализирале 22 имиња, но во периодот што следува тој список ќе биде намален. Претседателот на СДСМ…

Read More

Рамката за соработка со Светска Банка е силна порака за Северна Македонија до меѓународните партнери и инвеститори, било истакнато на средбата во Тирана на премиерот Димитар Ковачевски со претседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани. Како што денеска соопшти владината прес-служба, покрај премиерот Ковачевски, на средбата што се одржа на маргините на Самитот на лидери на Берлински процес во Тирана, присуствувал и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Соговорниците разговараа за тековните проекти и планови на среден рок на Северна Македонија, како и на земјите од регионот. На средбата беа разменети мислења за политичките и економските…

Read More

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на 21 октомври ќе престојува во Белград и Приштина каде ќе има средби  со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, потврди портпаролот на Унијата Петер Стано. Лајчак в сабота ќе допатува со советниците за надворешна политика и безбедност на францускиот претседател, германскиот канцелар  и италијанскиот премиер Емануел Бон, Јенс Плетнер и Франческа Тал, како и американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар. Стано додаде дека целта на посетата е да се постигне конкретен напредок во спроведувањето на Договорот на патот кон нормализација и деескалација по последните настани.…

Read More

Анкетната комисија за случајот на Клиниката за онкологија денеска продолжи со работа со сослушување на поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи го праша поранешниот министер Филипче дали директорот на Клиниката Нино Васев работел етички, на што Филипче одговори дека се работи за врвен професионалец кој помагал секому, а доколку некој се сомнева дека тој сторил кривично дело, тоа може да се истражи. Покрај Филипче, денеска пред членовите на Комисијата треба да биде сослушан и актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити. Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на…

Read More

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира трет, од серијата панел дискусии, на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“. Учесници на панелот се: Никола Наумоски, политиколог и Соња Танеска, уредничка на Градска.мк. Модератор, Биљана Јордановска.  Панел –дискусијата е дел од проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Read More